Истата оваа Кацарска го осуди Јане Ченто на 15 години затвор по лажно сведочење на загрозен сведок. На почеток прво треба да се запрашате, зошто Кацарска ја исклучи јавноста и ги отстрани новинарите од судница кога загрозениот свeдок даваше исказ?
Сведокот говореше АПСОЛУТНИ лаги кои сведочењето на сведокот не го потврдија видео доказите и оваа истата Кацарска што денес бара да одговара Стефанова, не им веруваше на своите очи што гледа на видео доказите, кои се релевантни за тоа кај бил, со кого, кое време влегол во Собрание итн, ама затоа на ЗАГРОЗЕНИОТ СВЕДОК му поколни целосна доверба и го напиша тоа во пресудата што го кажа сведокот а не што виде со свои очи Кацарска во видео доказите.
Пример 1: Сведокот кажа дека Јане Ченто попладнето седел во некоја од кафетериите на Кеј, но снимките покажуваат сосема спротивно ДЕКА НЕ СЕДЕЛ НИКАДЕ, базните станици покажуваат дека влегол во Скопје во 19:10 часот, а граѓаните влегуваат во Собрание во 18.50 часот.
Пример 2: Сведокот кажа дека Јане Ченто се сретнал со Нинџа во Дион и заедно тргнале кон Собрание, а снимките покажуваат сосема спротивно од тоа, НИТУ СЕ СРЕТНАЛ СО НИНЏА, НИТУ ПАК БИЛ ВО ДИОН.
Пример 3: Сведокот кажа дека Јане Ченто бил во постојана комуникација со Нинџа и со Митко Чавков, сосема спротивно од тоа покажаа доказите односно листинзите од телефонскиот број, дека НЕМА КОМУНИКАЦИЈА СО НИТУ ЕДЕН, НИКОГАШ.
Пример 4: Сведокот кажа дека Јане Ченто тргнал со групата од ДИОН, но снимките покажуваат сосема спротивно. Имено, луѓе стануваат од ДИОН во 18:45 и се упатуваат накај влезот од ГТЦ, повторувам во 18:45. Јане Ченто поминува покрај кеј во 19:15, повторувам во 19:15 и се упатува кон споменикот кај Ченто, што ВИДНО ЈАСНО СЕ ГЛЕДА ОД СНИМКИТЕ КОИ ГИ ГЛЕДАШЕ КАЦАРСКА.
Пример 5: Сведокот кажа дека Јане Ченто ја водел и упатувал толпата пред да влезе во Собрание, но вистината е во снимките од собраниските камери кои покажуваат дека Јане Ченто влегол во Собрание во 19:26 или цели 36 минути ПО ВЛЕГУВАЊЕТО НА ТОЛПАТА НАРОД.
Пример 6: Сведокот кажа дека Јане Ченто имал задача од Митко Чавков да ги онеспособи камерите во Собранието, ако е така, логично е да се постави прашањето, зошто тогаш Јане Ченто влегува 36 минути откако веќе се отворени вратите и народот е влезен бидејќи снимките покажуваат дека Јане Ченто се движи ЗАЕДНО И МЕЃУ ТОЛПАТА, ниту погледнува каде има камери, ниту оди во мониторинг собата каде што се хард дисковите, НИТУ ПАК НЕКОГАШ ОСТВАРИЛ КОНТАКТ СО ЧАВКОВ.
Точно е дека Јане Ченто поминал, повторувам ПОМИНАЛ покрај кејот што го покажаа снимките но ниту застанал некаде во кафетериите, ниту се сретнал со некого.
Арно ама оваа истата Кацарска не ги зеде како релевантни снимките над ДИОН, не ги зеде релевантни снимките од собраниските камери, не ги зеде релевантени листинзите коо покажуваат кој со кого контактирал, туку за релевантен доказ го зеде сведочењето на Загрозениот сведок.
Секој правник знае дека материјалните докази имаат приоритет пред вербалните докази, но овде беше обратно, му се веруваше на сведокот кој ЛАЖНО СВЕДОЧЕШЕ, ама не им се веруваше на видео снимките од ДИОН и КЕЈ, не им се веруваше на собраниските камери, не им се веруваше на листинзите...
И конечно, на сите како бел ден ни е јасно дека пресудата на Кацарска, во конкретниов случај за Јане Ченто се заснова на ЛАЖНО СВЕДОЧЕЊЕ, и тоа Кацарска го знае МНОГУ ДОБРО.
Но, како што кажа нашиот брат Јане Ченто во судница еден ден ќе одговарате СИТЕ за ова монструозно сценарио кое го направивте со 27ми Април, за сите притисоци, уцени, закани, лажни сведочење, погрешна интерпретација на докази, замолчување на одбраната.
Правдата е спора но ќе победи на крајот.
виа ФБ групата
Слобода за Јане Ченто