Илон Маск по потекло е од Република Српска )потврдено од пријатели од Фејсбук), ама за да може да успее, се одрекол од своето потеекло, име и презиме (Елон на хебрејски е даб а Маск е мошус кој се добива од тестисите на мошусен елен, па му доаѓа дека газдата на Тесла во оригинал се вика Храстимир Мудиќ).
Ама, та не е саде Маск разоткриен:
Тета Јованка поседува знаење и докази дека со светов управува црно племство (ако сте загреани да утепате два саата на таа тема, тогаш клик овде).
Тоа црно племство влече потекло директно од Посејдон, Богот на морето. А аргументацијата тече вака:
- Значи, тие влечат од Посејдон?
- Па се разбира дека влечат. Затоа што е невозможно да не влечат.