На 23 јуни 1985 година во полуфиналето на Копа Италија еден друг Икарди, помалку познат од овој денес, го решил големото градско дерби. Играл во не баш сјајна ера на Милан а со неговото заминување почнала големата берба на трофеи.
Јувентус - Рома, големото дерби за чие ривалство во Италија снимаа и неколку филмови се игра во сабота од 20:45 на стадионот на Јуве. Миралем Пјаниќ и Александар Коларов би можеле да бидат во главната улога на овој меч.
Во 30’ минута од мечот со Торино на гости, капитенот на Наполи го постигна 115. гол во дресот на омилениот клуб и го стигна Диего Армандо Марадона на вечната листа најдобри стрелци за Наполи. Трет е Атила Салустро со 108 гола а четврт Единсон Кавани со 104 погодоци во три сезони. За очекување е Словакот скоро да стане прв стрелец во историјата на клубот.
Најдобрата сезона на Вардар на европска сцена полека доаѓа до самиот крај. Одисејата низ континентот завршува во Скопје, во четврток против Розенборг а Комити имаат посебна желба.
Го одбивале каде и да одел да тренира фудбал затоа што бил премногу ситен и мал, но секогаш го демонстирал својот карактер и решил да оди до крајот. Сега го сонува скудетото со градот кој го смета за свој син.
Од чиста заебанција снимиле песна и спот која стана најголем хит во латинска Америка и Италија. Феноменалниот Аргентинец кој игра за репрезентацијата на својата земја танцува заразно.
Со пласманот во Лига Европа, Вардар оствари историски успех и собра големо искуство на меѓународната сцена. Паралелно со нив историја испишаа и нивните најверни поддржувачи кои се клацкаа најдолго од сите во конкуренција на навивачи на 48 клубови учесници.
Од малиот Комо до висините на Светското првенство 2006-та каде го крена највредниот златен пехар во спортот. Патот на Џанлука Ѕамброта е интересен од повеќе аспекти. Играше во најголеми европски клубови, заигра со Роналдињо но реши да се врати во татковината.
Во фудбалот не е секогаш доволно за победа само да си фаворит (читај Арсенал - Ѕвезда 0:0) или да имаш вкупно 30 удари од кои 9 во рамки на гол (Борусија - АПОЕЛ 1:1). Понекогаш само среќа е бе дечки, исто како на спортска.
Секако дека би било убаво да се прослават првите историски бодови во едно УЕФА натпреварување, но фудбалерите на македонскиот шампион не треба да имаат резултатски императив и треба да играат за душа и за публика.
На меѓународната сцена против Зенит дебитираа доста организирано, моќно и без да ги штедат гласните жици, па дури и останаа да грмат на Градски речиси до полноќ. Мечот со Реал Сосиедад им е нов голем предизвик на кој ќе се обидат да експлодираат уште на кортеото кое е најавено за два и пол часа порано.
Против Рома во составот на Милан имаше дури 9 фудбалери кои дојдоа летово или кои лани не го носеа дресот на Милан. „Зајакот“ веројатно лежи кај Лео Бонучи поради кого Монтела морал да ја испретумба цела формација и на крајот да добие нула.
Фудбалерите на македонскиот првак загубија 3-1 од норвешкиот шампион Розенборг во 2. коло од Лига Европа. Хуан Фелипе постигна убав гол, прв во групната фаза.
Комплетното раководство на ФК Вардар отвори душа за сите тековни работи во и околу клубот. Тотално се разочарани од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кое им побарало 40.000 евра за еден меч на „Филип Втори“.
Љубителите на фудбалот во земјава ќе можат во живо да ја следат фудбалската есен на Вардар со блок карти по мошне популарни цени. Има и поединечни влезници за секој меч посебно.
За да се пронајдат пет победи на петте големи екипи од италијанското првенство во прво коло, треба да се копа во историјата се до сезоната 1985/1986. Но ако тоа е знак дека може да се повтори и конечниот изглед на табелата, тогаш пак ќе се радуваат само Јувентините.
Откако управата на Вардар реши да ја даде Јужната и Источната трибина за гостинската публика на мечот со Фенербахче, организираната група навивачи на Вардар „Комити“ го кренаа гласот.
Штом Сан Сиро крцаше во 3-то квалификациско коло за ЛЕ, тогаш Шкендија дека биде спремна, бидејќи домаќинот ќе има поддршка од сигурно најмалку 70.000 навивачи.
Точно пред 14 години контроверзниот претседател на Перуџа потпиша договор со синот на тогашниот либиски диктатор. Саади остана две сезони во клубот, смени уште три тима, а денес е во затвор и ризикува смртна казна.
На денешен ден во 2007-ма, пред точно 10 години Словакот стана нов играч на Наполи. Многу сакал и на крајот го довел поранешниот спортски директор Пјерпаоло Марино кој го зема од Бреша.