Комити со соопштение, ќе ја бранат Јужна

Откако управата на Вардар реши да ја даде Јужната и Источната трибина за гостинската публика на мечот со Фенербахче, организираната група навивачи на Вардар „Комити“ го кренаа гласот.

По реакцијата на поединци по социјалните мрежи, јавноста очекуваше и официјално да се огласат оние најпогодените од одлуката на раководството на Вардар, Комитите. Преку својата официјална страница на Фејсбук тие повикуваат на бојкот на мечот и собир пред Јужната трибина која планираат да ја штитат:

„Одлуката на управата на ФК Вардар да ја даде јужната трибина на гостинските навивачи е крајно дрско, несериозно и непрофесионално. Ваквиот однос на управата према сите Скопјани, Вардарци , Комити не смее да биде премолчен затоа ВЕ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ засегнати, СИТЕ ВАРДАРЦИ И КОМИТИ, да не купувате билети за натпреварот и да ни се придружите пред јужната трибина на 17.08.2017год. во 19:00 часот за да го изразиме нашиот револт, револтот на сите Скопјани, на сите генерации поминати, на сите оние кои животот го поминаа на југ. Западот ве повикува сите Македонци“
17.08.2017, 19:00 сите пред јужна ! 
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА !!
ЈУЖНА Е ВАРДАР !!
ЈУЖНА СМЕ СИТЕ НИЕ !!!

30 ГОДИНИ КОМИТИ ЗАПАД

На ваков потег Комити се одлучија револтирани од одлуката на управата на Вардар цели две трибини да додели на гостински навивачи што е незапаметен случај во фудбалскиот свет. Останува да се види на каков чекор ќе се одлучат раководните луѓе на клубот кои не се огласија по соопштението за влезниците.

10 август 2017 - 16:11