Историскиот гол на Хамшик со неаполски коментатор

Во 30’ минута од мечот со Торино на гости, капитенот на Наполи го постигна 115. гол во дресот на омилениот клуб и го стигна Диего Армандо Марадона на вечната листа најдобри стрелци за Наполи. Трет е Атила Салустро со 108 гола а четврт Единсон Кавани со 104 погодоци во три сезони. За очекување е Словакот скоро да стане прв стрелец во историјата на клубот.

Хамшик во Наполи стигна во 2007. година од Бреша. Сезоната 2016/2017 беше негова најбогата со голови, постигна 15. Тој е и трет играч по бројот на настапи за Наполи (477), а пред него се само Брсколоти (511) и Јулиано (505). Приказната за фудбалскиот пат на Марек Хамшик тука

18 декември 2017 - 12:49