Пред заоѓање на сонцето во Неапол, Марек застанал со неговиот Mini Copper на семафор кога во еден момент му пришол некој маскиран човек со пиштол и му рекол: „Вади саатот и новчаникот“. Марек го извадил својот Rolex Daytona вреден 25.000 евра и ја предал торибчката во која имал 800 евра, пасош, кредитни картички и клучевите од домот. На сето тоа уште му удрил бокс во лице.
Не поминал ни еден месец како го ограбиле и Андреа Русото, уште еден играч од средината на Наполи, а Марек бил уверен дека такво нешто нема да се повтори, барем не со него. И покрај тоа, му било жал за саатот кој го добил како подарок. „Не им ги видов лицата, носеа кациги на моторот“.
Наполи порано го пуштил Хамшик на одмор во Словачка и без него загуби од Торино. Кога се врати, Марек промаши пенал против Катанија, а следното коло судијата Фарина го исклучи во Верона кога Киево на 20 минути до крајот му даде гол на Наполи. Клубот го казни Словакот со 5.000 евра, но брзо сопственикот Аурелио Де Лаурентис изјави: „Му простувам, тој се уште е дете“.
После една недела навивачите на Наполи го нашле саатот и не само што му го вратиле, туку ги натерале крадците лично да му се извинат во спротивно знаат што ги чека. Марек веднаш се пофали во најчитаниот весник во Братислава, „Правда“:
„Играчите на Наполи се како богови во Неапол. Навивачите прават сè за нас па дури и ги наоѓаат украдените предмети“. Тој даде комплимент за навивачите, но ја налутил локалната полиција: „Овде само навивачите се прави борци за вредностите, тие ги наоѓаат крадците и украдените предмети“.
Шест месеци претходно, Хамшик исто за „Правда“ изјавил дека еднаш возел 180км/ч а полицијата го пуштила откако го препознала. Недела дена претходно на неговиот соиграч Фабиано Сантакроче му ја одзеле возачката дозвола затоа што возел во пијана состојба.
После три години и сите случки, Марек го донесе Наполи во плејофот на Лигата на шампионите и го продолжи договорот со клубот. Но тоа не значи и намалување на криминалната стапка во Неапол, затоа што две недели пред мечот со Манчестер Сити со неговата бремена сопруга со која чекала втор син во сред бел ден ги нападнале маскирани крадци на мотор со пиштоли во рацете и му наредиле да излезе од колата. Истиот ден колата ја пронашле 10 километри надвор од градот, кај познатото одморалиште Варкатуро.
„Главната работа која ме држи овде се навивачите, ништо друго. Ја сум Неаполитанец по државјанство. Неапол е мојот втор дом“, храбро изјави капитенот на „Небесно-сините“.
Најдобриот словачки фудбалер првпат во Италија дошол на 11 години - на детски турнир во Џенова каде бил трет стрелец. Тогаш го повикала Спарта Прага, но со еден услов: еден од родителите бил должен да се пресели во Чешка. Убаво е да се каже, но татко му на Марек не нашол работа во соседна Прага и договорот пропаднал.
После три години, кога дувал 14 свеќички го повикале во Слован Братислава (пробата ја организирал дедо му Иван кој имал познати пријатели во Слован), но проблем му правел првиот клуб Јупие Подлавице кој барал компензација. Слован во тој период испаднал во втората лига, па не му било до 14-годишно дете за кое треба да дадат пари. Тогаш татко му ја продал Шкодата, позајмил уште 3.000 евра од пријатели, расчистил со исписницата во Јупие Подлавице и го однел синот во Братислава.
Поминале 24 месеци а Слован заработил 600.000 евра од продажбата на Марек Хамшик. Директорот на Бреша, Маурицио Микели кој претходно во Удинезе ги донел Ганците Апија и Мунтари го забележал Марек во јуниорскиот шампионат на Словачка каде тој дал четири гола на два натпревари. Му се јавил на спортскиот директор Џанлука Нани: „Многу добро ја води топката, паметно додава. Мора да го земеме додека не го дознаат“.
„Микели ме гледаше на два меча и замина. Среќа дојде пак на третиот меч кога одиграв одлично“, се сеќава Хамшик во разговор со новинарот Мимо Каратели.
Во Бреша малиот Словак го сместиле со Аргентинецот Леандро Де Петрис. Од 11 до 17 години Де Петрис играл за Милан кој го праќал на позајмици во Бреша. Хамшик дебитирал за Бреша на 20. март 2005 година во поразот од Киево Верона кога влегол во игра на 17 години и 237 дена. За жал клубот таа сезона заврши 19-ти во Серија А и испадна во втората лига.
Пред испаѓањето Хамшик на 17 години му дал гол на Милан во Купот на Италија. По тој меч, го застанале легендарните директори на Милан, Браида и Рамачони: „Колку години имаш? -Осумнаесет“. Не им требало многу да го прашаат претседателот на Бреша, Луиџи Кориони: „Колку? -Не помалку од пет милиони, но да остане со нас до крајот на сезоната“.
Зденек Земан го направи Хамшик стандарден играч, а една година подоцна новиот тренер Серсе Козми изјави: „Никогаш не сум сретнал поталентиран младинец. Хамшик игра како да има 30 години“.
Годината во Серија Б била пресудна во кариерата на младиот Словак кој постигнал 10 голови на 40 меча и ги заинтересирал великаните. Пред почетокот на следната сезона Хамшик се кладел со најдобриот напаѓач на Бреша, Давиде Посанцини кој ќе даде повеќе голови. Давиде се смеел на смелоста на малиот Словак кој во јуни истата година морал да части вечера во елитниот ресторан La Piazzetta, затоа што Давиде дал 13, а тој 10 голови плус еден во Купот (пак против Милан).
Во февруари 2006. година, спортскиот директор на Наполи, Пјерпаоло Марино барал креативен полушпиц. Менаџерот Џузепе Гали го советувал да го земе 30-годишниот Омар Милането од Бреша. Пјерпаоло тргнал со кола на мечот Бреша - Албинолефе и изгледал 50 минути фудбал кога Омар бил заменет од младото момче со ирокези фризура каква што имал и синот на Марино, Џанмарко.
„Да знаеш дека видов еден играч со фризура како тебе. Ако го купуваме, ќе те викнам на преговори“, му рекол Марино на син му.
Марино продолжил да го следи Хамшик, пратил и скаути да го гледаат, а во декември Марек му даде гол на Наполи на „Сан Паоло“. Марино тогаш му кажал на Де Лаурентис да одат кај Кориони: „Викни го Словакот, сакам да им го подарам на навивачите. Доволни се шест милиони? -Да, секако“, одговорил Кориони кој пред 2 години за Словакот со чудна фризура платил 100 пати помалку.
Во преостанатите месеци до крајот на сезоната Де Лаурентис се обидувал да ја спушти цената, ги нудел и Гати и Амодио во Бреша, но Кориони не отстапувал - му требале пари за да го спаси буџетот. Во финалната рунда преговори во Хилтон Хотел во Милано се вмешал и Мино Рајола а меѓу другите таму биле и Марек, неговиот менаџер Јурај Венглош, директорот на Бреша Нани, Марино и неговиот син Џанмарко кој имал исто години колку и Марек.
На крајот се договориле за пет ипол милиони, иако во исто време Шахтјор нудел шест милиони. Според првиот договор со Наполи, Хамшик добивал 100.000 евра годишно - на ниво на третиот голман. Шест месеци подоцна на адреса на Сан Паоло стигнала понуда за него од Манчестер Јунајтед вредна 20 милиони евра. Де Лаурентис рекол дека не е на продажба ниту за 50 милиони. Тогаш на стадионот се појавил графит: „Продајте го малиот, купете шампиони“. Марек уште слабо разбирал италијански и на навивачите им ветил добра сезона во Серија А.
Панкерската четка Марек ја носел до 22 години и ја мачкал со гел, но во Неапол по совет на напаѓачот Емануеле Калајо почнал да користи восок. Скоро секои две недели наполетанскиот стилист Рино Рици му ја средувал косата на Марек и кога дал победнички гол против Палермо во 92. минута изјавил дека Ричи е асистент на голот.
Шест недели подоцна постигна извонреден погодок против Милан. Собра една топка по паѓањето на Гатузо, истрча 70 метри, го издрибла Каладзе и го матираше Абијати. Во дебитантската сезона во Наполи постигна најмногу голови за Наполи иако играше зад Лавеци, Залаета и Соса. Наскоро Наполи го снајде серија од пет меча со само еден освоен бод, а тогаш избил и скандал.
Тренерот Еди Реја го стави Блази место Хамшик во второто полувреме против Интер иако Словакот даде два гола на претходните две средби. Прерано ја напушти играта и бил бесен, а директорот Марино се скарал со тренерот Реја.
Де Лаурентис ги повикал и двајцата на разговор: „Пјерпаоло воведе еднократија во клубот и не ме слуша“, рекол Реја кој барал трансфер за Хамшик. „Јас не ги продавам семејните вредности“, го цитира Де Лаурентис, новинарот Мимо Каратели во книгата Marek Hamsik – Il principe azzurrо. „Кога ангажирам глумец или режисер, јас се поврзувам со него. На пример со актерот Вердоне потпишав 3-годишен договор според кој тој може да снима само со мене. Хамшик е еден од моите најдобри артисти и никому не го давам“, рекол познатиот режисер и газда на Наполи, Де Лаурентис.
Меѓу бројните понуди за Хамшик била и онаа на Мурињо кој го тренираше Интер, но Марек изјавил дека сака да остане во Наполи и потпиша нов договор. Постигна 11 голови со 8 асистенции а во финишот на сезоната 2011/2012 изјави дека ако влезат во Лига на шампиони ќе скока со падобран. Де Лаурентис го поддржал и ветил дека ќе ја избричи брадата, а Валтер Мацари дека нема да пуши кутија цигари дневно.
Тогаш започна најдобриот период во Наполи. Не само што влегоа во ЛШ (само четири години по влезот од Серија Б), туку стигнаа и во нокаут фазата каде играа против Челси на Ди Матео. По поразот од „Сините“ во ЛШ, Марек повторно ги израдува навивачите со ветувањето дека ќе ја избричи легендарната Томахавка ако Наполи го освои Купот на Италија.
Наполитанците славеа 2:0 а еден од головите даде и Хамшик кој следното утро отишол кај стилистот Ричи на шишање. Претходно Хамшик само еднаш се збогувал со ирокези фризурата - во есента 2009. година кога на снежниот стадион Хожува Словачка ја победи Полска и се пласираше на Светското првенство во Ј. Африка. Во третата минута од тој меч Хамшик го издрибла бекот Ганчарчик на снегот и дал гол доволен за триумф.
На Мундијалот во Ј. Африка, татко му на Марек, Рихард дошол на трибина во два дреса со две имиња - Хамшик и Гаргано. Уругвајскиот репрезентативец Валтер Гаргано кој долги години играше во Наполи и е омажен за сестрата на Марек Михаела, за времето на божиќните празници бил во Банска Бистрица на скијање. „Кога Валтер е кај мене дома, сите забораваат на мене“, изјавил Марек.
Во последните пет години Хамшик создал мајмногу шанси за гол во Серија А, влезе меѓу првите пет најдобри стрелци во историјата на Наполи. На мечот од ЛШ во 2013/2014 против Дортмунд Хамшик не играше поради сериозна повреда а навивачите високо кренаа знаме:
„Чуството на припадност е поважно од потеклото. Тој никогаш не беше гладен а ние го нарековме синот на Неапол“.
Фудбалерката на женскиот тим на Наполи, Роберта Филипоци признала дека е вљубена во Хамшик и направила иста фризура ирокези како него. Пеачот Симоне Кристики составил песна за него: „Сакам да играм како Хамшик и да имам иста фризура како него“. Марек во меѓувреме потпиша договор до 2020. со Наполи. Претходно неговиот уметник Енцо Бренди му нацртал уште една тетоважа на левата рака - „Наполи“. Но за разлика од девојката ова е сериозна тетважа.
Втор Наполи на светот нема да најде.