Ако на некои најмногу им фали посетата на стадиони тоа се сигурно навивачите на Наполи. „Сан Паоло“ не видел публика скоро 10 месеци. Којзнае како ќе биде кога еден ден ќе се врати публика на трибините. На времето грмеа за Пипита Игуаин кој имаше рекордна сезона со 36 постигнати голови во Серија А.
И покрај тоа што летово на сите ѕвона најавуваа битка за скудетото со нов, освежен состав, Наполитанците веќе заостануваат сериозно зад директните конкуренти за титулата, а кризата ја продлабочи одлуката за карантин на претседатлот и бојкотот на играчите.
„Луѓе за два месеци куќа градат, а они не можат едни соблекувални да реновираат“, отворено изјави тренерот на Елиф Елмас и Наполи. Тимот од југот на Италија ја почна сезоната со две последователни гостувања поради тоа што на стадионот им ги реновираа соблекувалните, тушевите и столиците.
Наполи има исто бодови колку Ливерпул, иста гол разлика, но не оди понатаму само поради помалиот број дадени голови. Неверојатно колку тимот од југот на Италија нема среќа во групната фаза од Лига на шампиони.
Фудбалот, и секој друг спорт е убав од причина што се случуваат непоимливи работи не само на теренот, туку и надвор од него. Оваа приказна за гостувањето на Клоп и Борусија во Неапол е буквално за филм.
Неаполитанците се толку поделени што едни влечат на страна на градските власти кои за мизерната состојба на стадионот покажуваат со прст во Де Лаурентис, други кои го бранат режисерот со факти дека од третолигаш направил светски клуб и трета страна.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави дека му е срам што Наполи игра на Сан Паоло и дека стадионот е осакатен. Ај што му е срам, туку треба да му биде и страв. Навивач сними видео од последниот ред на кој под седиштата нема никаква заштита, а мали деца одат. Претпоследниот е заштитен, а последниот не и има дупка од 50 метри. Језиво.
Кога викаме балканската мислиме на фрлањето бакљи во терен од страна на Хрватите со цел нивниот сојуз да биде парично казнет, или мајмунлаците на српските хулигани во Џенова кога сечеа ограда и фрлаа топовски удари за нивната федерација да го крка од УЕФА.
Во пресрет на стартот на Лига на шампиони, претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис признал дека ама воопшто не му се допаѓа состојбата на стадионот „Сан Паоло“.
Сопственикот на италијанскиот Наполи е еден од поинтересните претседатели на фудбалски клуб во Европа. Аурелио Де Лаурентис е познат режисер во Италија и основач на компанијата Filmauro. Во 2004 го купи клубот Наполи за 35 милиони евра и шоуто почна.
Да видиш фудбалер висок „метро и жилет“ како се бори со крупните стопери делува комично. Но на Маурицио Сари и Дрис Мертенс ама баш ич не им делуваше комично, напротив направија експеримент од кој произлезе најдобрата лажна деветка која некогаш играла во Серија А.
Додека вртиш спортски канали и се мислиш што да гледаш, некако први во око ти паѓаат преполните стадиони во Англија и Германија и депресивно сивите полупразни арени во Италија. Зошто е тоа така?
За тоа колку е важно саботното дерби Наполи - Рома говори и податокот дека луѓето од Неапол ургирале кај селекторот на Италија Џамјперо Вентура да го изостави напаѓачот Маноло Габјадини од дуелот против Македонија во Скопје, поради тешката повреда на нивниот најдобар шпиц од Полска, Аркадиуш Милик.
Аркадиуш Милик кој Наполи го купи како замена за Гонзало Игуаин за 35 милиони евра, даде два гола против Болоња во саботата (3:1). Тоа беше негов трет дубл од почетокот на сезоната и причина да го истражиме неговиот фудбалски пат.
Словакот кој една деценија е во Неапол е најсаканата личност во овој град. Го обожуваат деца, млади, стари, криминалци, богати и сиромашни а тој им враќа со неверојатната верност поради која ги одби Манчестер, Реал и Милан.
Во време кога градот под Везув после цели 26 години повторно мириса Скудето, навивачите го сонуваат тимот кој им ја оствари животната желба на многу генерации.
Иако во август ќе играат прелиминарно во плејофот на ЛШ, составот на Лацио статистички има недостиг од искуство за најбогатиот европски фудбалски турнир. Исто е и со тренерот Стефано Пиоли кој прв пат ќе се бори за ЛШ, но тука е маестро Миро Клосе.
За граѓаните на Неапол фудбалот е религија, а сонот на секое дете е да го облече небесно синиот дрес и да истрча на Сан Паоло пред 60.000 фанатични навивачи. Во 15-минутното видео, продукцијата Копа90 го доловува духот на фудбалскиот Неапол, кој на времето собираше пари од врата на врата за да го исплати Марадона.