За граѓаните на Неапол фудбалот е религија, а сонот на секое дете е да го облече небесно синиот дрес и да истрча на Сан Паоло пред 60.000 фанатични навивачи. Во 15-минутното видео, продукцијата Копа90 го доловува духот на фудбалскиот Неапол, кој на времето собираше пари од врата на врата за да го исплати Марадона.