Лацио во август ќе игра два натпревари за пласман во Лигата на шампионите, а во составот речиси ретко кој од играчите ја имал честа да ја слушне химната од британскиот композитор Тони Брајтен, напишана во 1992. година.
Попрецизно, во европските купови барем еднаш настапиле 13 фудбалери на Лацио: Клосе, Биља, Маурицио, Ѓорѓевиќ, Баста, Раду, Патрик, Едерсон, Цана, Переириња, Лулиќ, Де Врај и Конко, плус Маури и Брафхеид кои се слободни играчи во моментов.
Од наброените, 10 успеале да забележат макар еден настап во фазата по групи на ЛШ или ЛЕ, или вкупно 177 настапи од кои 128 во прелиминарна фаза на ЛЕ и ЛШ. Актуелниот состав на Лацио собрал 11.881 минута во Евро куповите или 8.181 во групната фаза. За споредба, Пирло и Буфон имаат заедно 203 настапи, голманот 92 а Пирло 111 натпревари во Европа.
Исклучок е Клосе кој има 41 настап во групната фаза на Евро куповите, следуваат Биља и Едерсон со по 24, Цана 22, Переириња 15 и Баста 13 (сите останати немаат повеќе од 5 натпревари). Тоа значи дека во случај да си заминат Едерсон, Цана и Переириња, искуството на небесно-сините во Европа би било уште помало.
Што се однесува до стрелците, Клосе е прв со 15 голови во кариерата во Европа. Лулиќ, Биља, Конко, Баста и Цана имаат по еден.
Фудбалери како Кандрева, Фелипе Андерсон, Каталди, Пароло и Маркери за прв пат ќе се најдат во оваа фаза од ЛШ. Деби ќе има и тренерот Стефано Пиоли кои има 2 нерешени во Лигата на Европа со Палермо против Тун во 2011. година, како и 7 натпревари со Парма (5 победи и 2 порази). Поразот од Брага во Португалија го чинеше Пиоли смена во Парма, кога дојде Клаудио Раниери.
Од друга страна Џентилети има огромно искуство во Копа Либертадорес, кој го освои со неговиот Сан Лоренцо каде играше 20 пати за вкупни 1.784 минути и еден гол. Што се однесува до репрезентациите, и таму Миро Клосе е лидер меѓу Лацијалите со 137 настапи за Германија. Следат Цана со 81, Онаци 30, Кандрева 29.