Десет цитати на интригантниот претседател на Наполи

Сопственикот на италијанскиот Наполи е еден од поинтересните претседатели на фудбалски клуб во Европа. Аурелио Де Лаурентис е познат режисер во Италија и основач на компанијата Filmauro. Во 2004 го купи клубот Наполи за 35 милиони евра и шоуто почна.

За 14 години Де Лаурентис од гордоста на градот под Везув направи најголем конкурент на Јувентус во Серија А и редовен учесник на Лигата на шампионите и Лига Европа. Де Лаурентис речиси секоја недела со необична изјава ги врти камерите и фотоапаратите кон себе.

1.Пробав да го потпишам голманот Алисон ама врапчињата ми кажаа дека Ливерпул и Рома имаат ист сопственик. Ако е така, тогаш тие немаат право да играат во Лига на шампиони“

На ваквото обвинување, американскиот газда на Рома, Џејмс Палота веднаш одговори: „Што ли пуши Де Лаурентис во Неапол? Ако пак ја сретне малата птичка ќе мисли дека ние сме сопственици и на Барселона и Баерн.“

Но во нешто Аурелио имал право: Ливерпул го раководи американски сопственик - Џон Хенри а во последните години Рома и Ливерпул имаа неколку зделки. На пример минатата година Хенри се жалеше на високата цена за Мохамед Салах (42 милиони евра), а газдата на Рома ветил дека ќе ги компензира трошоците и ќе плати заеднички ручек.

2. „Навивачите сакаат да давам милиони за трансфери а самите купуваат фалц дресови“

Спорот меѓу навивачите на Наполи и претседателот на клубот се веќе традиционални. Летово во предсезоната Де Лаурентис ги посоветувал навивачите кои го сонуваат скудетото „да го поддржуваат Јувентус“.

Тифозите го обвиниле за идиотски изјави и за 69-годишниот режисер напишале парола: „Веќе не го сметаме Де Лаурентис за наш претседател“. 

3. „Навикнат сум на лажгите на градоначалникот Атилио Аурикио. Тој треба да ми објасни зошто осум години стадионот ’Сан Паоло’ е како тоалет.“

Аурелио Де Лаурентис неколку години се борел за можноста да изгради нов стадион за клубот, но локалните власти само се насмеале: во 2016-та одвоиле 25 милиони евра за реконструкција на стадионот којшто е под нивна контрола и сопственост.

Аурелио тогаш изјавил дека „кој го видел ’Сан Паоло’, ни пеколот нема тешко да му падне“.

Во јануари годинава Де Лаурентис се договорил со градоначалникот за изградба на нов, модерен Stadio Del Napoli со капацитет до 30.000 гледачи, иако спорот за реновирање на сегашниот стадион и натаму не стивнува. УЕФА во меѓувреме го предупредила клубот дека стадионот е во лоша состојба а италијанските новинари пишуваат дека е можно Наполи да биде принуден да игра во Лига на шампиони во друг град.

4. „Менаџерите се рак во нашата област“

Режисерот никако не може да се помири со тоа што е должен да ги богати фудбалските менаџери, особено што во еден Холивуд глумците за слични услуги плаќаат сами.

Де Лау постојано грми на агентите на играчите, а пред една година му се сипал на Мино Рајола (менаџер на Ибрахимовиќ, Балотели и уште стотина други фудбалери) „цртан лик од цртан филм“ и дека ќе го носи Лоренцо Инсиње од Наполи во Барселона „само преку мене мртов“.

5. „Ако Сари сака да ги води Баерн или Реал, јас ќе го качам на својот авион и ќе го посетам неговиот прв тренинг“.

Аурелио до мај минатата година исклучително многу го ценеше својот тренер, но поради помиреноста со второто место и задоволување со актуелниот состав, Маурицио Сари замина во Челси каде веќе постигнува одлични резултати.

Де Лаурентис наводно пред крајот од сезоната му замерил на Маурицио на големата бодовна разлика со Јувентус и на второто место, а Сари на својот газда му замерил слаб зимски преоден рок. 

6. „Каква ќе биде стратегијата на Наполи ако Лавеци си отиде? - Ќе те внесам гола на ’Сан Паоло’“.

Таков одговор новинарката Тити Импрота добила од Аурелио кога се разгорела шпекулацијата за продажба на аргентинскиот напаѓач. Овој сексистички одговор на Де Лаурентис наиде на осуда од целата италијанска јавност и од новинарските здруженија.

Иако пред шест години Езекјел веќе се пресели во ПСЖ, додека неговиот менаџер Алехандро Маџони водел преговори со други клубови за трансферот, шефот на Наполи рекол:

„Ако Мацони направи некоја глупост, ќе му ги скршам јајцата“.

Де Лаурентис и покрај грубиот речник, набрзо ја заштитил новинарката Тити Импрота после мечот Наполи - Интер на кој тренерот на Наполи Маурицио Сари и рекол: „Млада жена си, убава и добра и само затоа не те отерав во ....“. Импрота го прашала за шампионската трка со Јувентус а Де Лаурентис морал да реагира и да ја одбрани.

7. „Лига Европа? Не ме занима тоа срање. Благодарение на Платини и Блатер овој турнир веќе ништо не значи“.

Така бизнисменот Де Лаурентис изјави пред осум години, а своите зборови мораше „да ги изеде“ во 2015 кога неговиот Наполи стигна до полуфиналето а Лига Европа.

Зборот „срање“ е еден од омилените во речникот на шефот на Наполи. Кога се составувал календарот за сезоната 2011/2012, Де Лаурентис кога дознал дека со Милан ќе игра само четири дена по првото коло во групната фаза од Лига на шампиони тој го употребил овој збор.

8. „Сигурно нема да те удрам зошто си многу стар. Ама сигурно ќе те избркам“

Јануари 2008 година соблекувалната на Наполи. По ремито (2:2) со Лацио Де Лаурентис така му се обратил на тогашниот тренер на клубот Едоардо Реа кого го пратил во морален нокдаун. Двајцата се скарале во соблекувална толку многу што за малку не избила тепачка, а во последен момент ги раздвоил тогашниот спортски директор Марино.

Аурелио не сфатил дека „древниот“ Едоардо е само две години постар од него.

Реа ја одработи првата сезона во Наполи по враќањето на клубот во елиатата и таму заврши на 8. место со порази од Јувентус, Интер и Милан. Овој тренер следниот март заминал од клубот но успеал да го освои вториот трофеј во историјата на Наполи до тој момент - Интертото Купот.

9. „Меси е кретен! Зошто би играл за репрезентацијата? Да бев јас Меси ќе кажев: ’Не одам кај идиоти кои не сфаќаат како треба да играат со мене во составот’.

Де Лаурентис често отворено им се обраќа на фудбалерите. Пред неколку сезони на Лавеци му рекол да не користи услуги од проститутки и да не скита доцна во ноќта, а Гонзало Игуаин за него стана предавник кога отиде во Јувентус.

Зборовите за Меси беа скандалозни, но со тек на времето станаа пророчки - никој во Аргентина не успеа да му го најде правото место на Лео и да освои титула со него.

10. „Јувентус го држи највлијателното семејство во Италија. Не само со пари, туку и со врски“.

Практично во секое интервју Де Лаурентис се фаќа за буџетот на ’Старата дама’ и го споредува богатството на Ањели со својот скромен клуб.

Често ги обвинува луѓето од Јувентус дека се блиски со некои судии. Така во 2015-та кога Јуве го победи Наполи со 3-1 Аурелио изјави: „Уморни сме веќе! Јувентус е најсилна екипа, а кога им помагаат и судиите тогаш се непобедливи“. Тој се осврна на вториот гол на Јуве кога Кјелини бил во офсајд.