Комити до мангупскиот дел на Скопје:

Во четврток да се случи електронска експлозија

На меѓународната сцена против Зенит дебитираа доста организирано, моќно и без да ги штедат гласните жици, па дури и останаа да грмат на Градски речиси до полноќ. Мечот со Реал Сосиедад им е нов голем предизвик на кој ќе се обидат да експлодираат уште на кортеото кое е најавено за два и пол часа порано.

Ја чувствувате ли возбудата? Енергијата која виснала над Скопје и Македонија во името на Вардар?
Ги спојува сите позитивни и негативни честички, за во Четврток да се случи електронска експлозија...

Оставете ги прозорите подотворени, ставете селотејп траки по дијагоналите, млазниот погон ќе се активира, звучниот зид ќе се пробива...

Немојте да се движите по трасата Соборен Храм - Градски Парк, доколку не сте повикани и Мобилизирани од страна на Црвено-Црната Армија, или доколку доброволно самите не ја почувствувавте таа должност...Седете си дома, гледајте серии и сапуници...

А до мангупскиот дел на Скопје!

Дигнете се, повикајте го најлудиот дел од себеси, послушајте го срцето, извикајте најсилно што можете, нека ве охрабри гласот кој го слушате...

Затоа што сме победници во душа, без разлика што се случува на теренот...Затоа што ќе дадеме се од себе, затоа што сме спремни на секаков исход, затоа што срцата ќе ни бидат исполнети!

ИГРАЈТЕ ОД СРЦЕ ЗА ВАРДАР!!!

Собир: Соборен Храм 16:30ч.

Комити Скопје

18 октомври 2017 - 13:18