Аталанта од Бергамо, тимот предводен од Џан Пјеро Гасперини е едно од најпријатните изненадувања во Европа и главно откритие во Серија А.
Бергамашите лани завршија 4-ти во лигата и после 26 години се вратија во Еврокуповите. Денес првенството не го играат така добро (во моментов се 12-ти), но во Лига Европа уверено влегоа во плејофот откако го прегазија Евертон (3:0, 5:1) и другите противници во групата.
Најмногу од сите навивачите на Аталанта го сакаат Алехандро Гомез. Плејмејкерот со прекар Папу (од Papuchi, типично аргентински израз за малиот) блескаше минатата сезона - даде 16 гола со 13 асистенции во Серија А.
Гомез исто смислил и фирмиран танц - „танцот Папу“ - ритмична комбинација од движење на рацете мешање со колковите. Заразната кореографија станала локален хит а на аргентинскиот репрезентативец му донела неочекувана награда - за развој на италијанската музика.
Танцот на Папу се игра на песната на диџеј Матео Скјаво (DJ Matrix) „Baila Como El Papu“ („Играј како Папу“). Песната станала многу популарна во Аргентина, Шпанија и Перу, а во Италија цело време се врти по радио-станици.
Заедно со Папу спотот го снима и триото комедијанти Gli Autogol а клипот досега има преку 30 милиони посети на YouTube за пола година. Во спотот се појавува и играчот од среден ред на Јувентус Симоне Падоин и целиот состав на Фоџа од Серија Б.
Во меѓувреме италијанската агенција за музичка индустрија го наградила фудбалерот со „Златна плакета“ за 10.000 продадени копии од синглот. Папу сите средства ги донирал во фудбалската академија за деца со посебни потреби.
„Никогаш нема да освојам ’Златна топка’, но затоа имам ’Златна плакета’“, изјавил Алехандро Папу Гомез.