Оваа приказна датира од пред 30 години кога Икарди бил Андреа, доека Мауро уште не бил ниту во паметот на мама Аналиа и тато Хуан.
Роден во 1963. година во Милано, Андреа Икарди е еден од најдобрите продукти на школата на Милан заедно со Филипо Гали и Алберицо Евани. Но Милан тогаш не минувал низ баш златен период - од 1980 до 1986 два пати испаѓал од лига, но Андреа барем го имал задоволството да дебитира во Серија А на 19 години во дресот на клубот во кој израснал.
Тоа се случило на 25. октомври 1981 година, интересно токму против Интер. Мечот завршил 1-0 за „Нераѕурите“ со гол на легендарниот Ориали.
Малиот Икарди во тоа време играл во средниот ред и најчесто на крило поради што го добил прекарот „малиот Фогтс“ (во чест на легендарниот Германец Берти, светски шампион со Западна Германија во 1974.)
Милановиот Икарди дал малку, премалку голови за „Росонерите“, само 5 на 117 меча во Серија А, Серија Б и во Куп на Италија.
По црвено-црниот дрес, Андреа Икарди го облекол црно-црниот, но не на Интер туку на Аталанта и тоа како дел од операцијата која го донела Донадони во Милан, првиот трансфер на Берлускони на патот кон Grande Milan. Андреа во меѓувреме се изгубил а кариерата ја продолжил во Лацио, Верона пред да емигрира во Австралија каде заиграл за Маркони Сиднеј.
Но радоста од 23 јуни 1985 година ќе ја чува засекогаш.
Првенството веќе било решено со историска титула за Верона на тренерот Бањоли пред Торино и Интер, додека Милан останал во Купот на Италија каде градскиот ривал стигнал до полуфиналето - по дебаклот од 3:0 од силната Верона (5-1), на Сан Сиро Интер славел 5-1 во продолженија. Милан го елиминирал Јувентус во четвртфиналето.
Во полуфиналето Интер тргнал посилно и по 25’ минути Алтобели му украл една топка на Ди Бартоломеи и му додал на Румениге кој го отворил резултатот 1-0. Милан возвратил после 5’ минути кога Виртис израмнил на 1-1.
Во ’85 минута во шеснаесетникот на Интер се испишала историја: со четворица играч околу него, Андреа Икарди кој давал малку голови тргнал сам кон голот од пола терен и го матирал Валтер Ѕенга за победа на првиот меч.
Требаа да поминат 10 години (април 1995-та) пред еден друг Андреа да даде гол во дербито (Интеристот Сено во победата 3-1 за Интер) и повеќе од 30 години (15 април 2017, 2-2) пред еден друг Икарди да даде гол. Аргентинецот, Интеристот, капитенот Мауро.
Вечерашното дерби Милан - Интер од четвртфиналето на Купот на Италија се игра од 20:45.