Штитот ќе биде составен од: постојана ограда, бодликава жица, против-тенковски ров, поле со против-тенковски препреки, анти-тенковски мини, уште еден ров и слој вегетација.
Планот вклучува и зголемување на бројот на системи за предупредување и следење, анти-дрон системи и истурени оперативни бази.
Полска се граничи со Русија само на север кон енклавата Калининград, додека со Белорусија има граница од околу 400 километри. Процената е дека ова ќе биде најголемиот одбранбен напор на источното крило на НАТО од крајот на Втората светска војна во 1945.
Изградбата треба да почне годинава и да заврши некаде до крајот на 2028. Процената е дека Источниот штит ќе чини 2,56 милијарди долари.