По дебаклот на домашен терен (0:6), домашната јавност не очекуваше многу од гостувањето на македонскиот шампион на „Аноета“ во Сан Себастијан.
Сосиедад од сам старт наметна свое темпо, но одбраната на Вардар делуваше прилично подобро од првиот меч со Шпанците. Плетеа мрежа избраниците на Еузебио Саркистан и после неколку млаки обиди, го отворија резултатот во 31’ минута преку Хуанми со глава по корнерот на некогашниот играч на Реал Мадрид Серхио Каналес.
Тој момент не ги подразбуди Вардарци да почнат да се надигурваат, па освен Гачевски кој бранеше колку што можеше, другите играчи не делуваа мотивирани што играат на голема европска сцена. На паузата се замина со 1-0, а двата тренери се решија на измени, Јаневски ги стави Муслиу и Велковски наместо Марковиќ и Глишиќ.
„Црвено-црните“ не успеваа да го префрлат тежиштето на игра и притисокот на Сосиедад кулминираше со втор гол во мрежата на Гачевски. Де ла Бела во 69’ минути постигна еврогол за 2-0 а до крајот од мечот во 81’ минута Јон ги постави конечните 3-0.
По четири кола Вардар остана закован на дното со 0 бодови а до крајот од европската одисеја ќе играат против Зенит за три недели и во последното коло со Розенборг на 7. декември во Скопје.
На вториот меч од групата Розенборг и Зенит одиграа 1:1 со головите на Бендтнер од пенал во 55’ и Кокорин во 90’.