Македонската спортска јавност откорна коси од нервоза за да види некој голем историски успех во независна Македонија. Годинава тоа конечно се случи и затоа 2017-та може слободно да се каже дека во фудбал и ракомет се искачивме на едно повисоко скалило на кое сите сакаме да останеме.
Црвено црните и нивните навивачи вечно ќе ја запаметат 2017-та година, бидејќи испишаа нова историја за мак фудбалот. Но зошто дебито во Европа да му донесе на Вардар срамен рекорд. Победете и за себе и за тие што ги оставаат грлата за вас на секој меч.
Дека коефициент за победа од 1.20 е сигурна утакмица, тоа е застарен муабет кој не држи вода. Не се летајте по такви коефициенти и слободно верувајте во тезата дека се мести и во Лига на шампиони. Ние веруваме.
Уште еден производ на плеадата талентирани португалски тренери. Воспитаник на стариот Жорже Жезус, човек кој направил чуда со анонимниот Пасош де Фереира со кој завршил трет зад Бенфика и Порто.
Со Лино Червар на трибини и без никакви шанси за продолжување во втората фаза од Лигата на шампионите, Металург одигра натпревар без душа во претпоследното коло од групната фаза и заслужено загуби со 22:30.
Кој очекуваше дека нашиот противник од квалификациската група Г со кој одигравме два машки натпревари и на гости му извадивме 1:1, ќе се најде во ситуација да му виси учеството на СП. Зборуваме за 4 кратен светски првак за кој цела земја е загрижена да не се случи најлошото.
Од малиот Комо до висините на Светското првенство 2006-та каде го крена највредниот златен пехар во спортот. Патот на Џанлука Ѕамброта е интересен од повеќе аспекти. Играше во најголеми европски клубови, заигра со Роналдињо но реши да се врати во татковината.
На 7. ноември 1999 година, точно пред 18 години на крајот од мечот Милан - Венеција, голманот на гостите Казаца беше исклучен а неговиот тим во тој момент немаше веќе право на измени.
Лига на шампиони и Лига Европа се фронт за навивачите, па скоро и да не пројде вторник, среда, четврток а некаде на континентот да нема сцени на насилство. Така беше во Украина кога група украински навивачи нападнале Холанѓани во пабот Wall во Харков. Интересно, холандските навивачи решиле да компензираат за направената штета во кафичот и му платиле пари на сопственикот. Полицијата привела 52 хулигани на Шахтјор.
Советска тврда школа на фудбалот, далечен пат, лош терен, неискосена трева се само дел од стандардните оправдувања на тренерите и фудбалерите после поразите.
Играше во ЛШ и имаше привилегија да ги чува Фалкао, Агуеро и Форлан, ама позначаен му е историскиот пласман на Вардар во ЛЕ. Им симнува капа на Комитите за авантурата до Норвешка, а журката со нив на Боемска улица ќе ја памети додека е жив.
Земјата која има жители од прилика колку половина Скопје, на ланското Европско првенство ги освои срцата на навивачите со свои игри и пласманот во четвртфинале. Овој пат еве ги на Светско за прв пат и тоа директно како првопласирани во тешка група со Хрватска, Украина и Турција. Батали политика во вести, вака се прави тоа пред историскиот меч со кој и официјално ја заверија визата за Русија.
По чудата кои ги правеа лани на Европското во Франција, фудбалерите на Исланд направија нов подвиг и во конкуренција на Хрватска, Турција и Украина како први во групата одат на Светско. Вечерва им требаше победа против Косово, триумфираа 2:0 и славјето можеше да почне. Исланд има 334.000 жители и е најмалата земја која што ќе игра на еден Мундијал.
Без Лино Червар кој замина во Загреб за да ѝ се посвети на репрезентацијата на Хрватска и без капитенот Филип Кузмановски, избраниците на одличниот тренер Александар Јовиќ ремизираа со големиот фаворит Мотор Запорожје во Украина
Борбата за карта во плејофот на Светско првенство влегува во финална фаза - останува уште едно коло за конкурентите да избегнат да бидат најлоша второпласирана репрезентација и со тоа да останат со кратки ракави.
Уште две кола нè делат до крајот на квалификациите за Мундијалот во Русија а после нив ќе се игра и ужасно тешкиот бараж во ноември, последно скалило на патот кон Светското. Скенираме на кој што му треба до крајот.
УЕФА и официјално го најави новиот проект кој практично ќе биде замена за пријателските натпревари и шанса за помалите земји да обезбедат пласман на Европско првенство. Стартува во септември 2018-та, а завршува во јуни 2019-та.
Италијанската јавност со пофални зборови до македонската репрезентација за која велат дека им помогнала што ја задржала Албанија на пристојна дистанца (6 бода) од второто место кое води во бараж.
Нередите, инцидентите, календарите и распоредите се мачкина кашлица за ФИФА во однос на тоа ако треба да се справува со евентуален пласман на Украина на Мундијалот во Русија догодина.
Сè што можеше да тргне наопаку им се случи во шест европски натпревари. За Малме беше досуден непостоечки пенал, во Копенхаген примија гол во 57-ма секунда, а другиот беше автогол. Со Фенербахче Грнчаров доби црвен картон, тренерот си замина во сред квалификации, а медиумите пишуваа за заминување на Самсоненко. Во ниту еден момент фудбалерите не паднаа, ниту бараа изговор, а имаа многу материјал за да изградат алиби, пишува sportclub.rs
Во чешката лига отсекогаш играа млади чешки фудбалери, постари пред крај на кариерата, многу Словаци, по некој Србин и Хрват како и некој играч од Африка. Но работите денес се многу сменети на популаризација на чешкиот фудбал.
Прво правило: Избегнувај руски падобранци на Денот на падобранецот.
Второ правило: Ако на Денот на падобранецот налеташ на руски падобранец, прочитај го првото правило.
Турската фудбалска федерација се обиде дипломатски да го изглади конфликтот кој го направил селекторот Фатих Терим, но тамошните медиуми стигнале до сапуницата во која главен лик бил токму тој.