Украинската фудбалска репрезентација во моментов е четврта во групата И од квалификациите за Светско првенство 2017 и иако никогаш не би признала, не може да се замисли ФИФА да посакува поинакво сценарио.
Кризата меѓу Украина и нивниот сосед Русија не покажува знаци дека ќе се реши на време до следната година, а клубовите од двете земји не можат да се паднат едни со други во Еврокуповите.
Каков ли логистички кошмар би бил за ФИФА ако Украина се квалификува на Светското? А сè уште постојат шанси за такво нешто. Барем така сугерира табелата во групата И: Украина заостанува само два бода зад Хрватска и Исланд и ако ја победат третопласираната Турција во Харков во сабота, тогаш алармот во ФИФА би можел да ѕвони погласно.
Набрзо по тој меч Украина патува во Рејкјавик каде играчите предводени од селекторот Андриј Шевченко со чие доаѓање селекцијата игра препородено по дебаклот на Европското 2016, лесно би можеле да триумфираат и да се пробијат до второто место во групата.
Секако, останува хипотетички но ако тоа се оствари, Светската фудбалска влада би се соочила со еден од најголемите предизвици во своето постоење.