Лига на шампиони и Лига Европа се фронт за навивачите, па скоро и да не пројде вторник, среда, четврток а некаде на континентот да нема сцени на насилство. Така беше во Украина кога група украински навивачи нападнале Холанѓани во пабот Wall во Харков. Интересно, холандските навивачи решиле да компензираат за направената штета во кафичот и му платиле пари на сопственикот. Полицијата привела 52 хулигани на Шахтјор.