Кои ви се овие сомнителни резултати во ЛШ?

Дека коефициент за победа од 1.20 е сигурна утакмица, тоа е застарен муабет кој не држи вода. Не се летајте по такви коефициенти и слободно верувајте во тезата дека се мести и во Лига на шампиони. Ние веруваме.

Три нелогични резултати од можни осум во втората вечер од последното 6. коло во Лига на шампиони е ту мач. Одиме со ред:
 
- Во групата Е Севиља беше апсолутен фаворит на гостувањето во Словенија и играше со екипа која нема победа. Плус Шпанците со пораз ќе извисеа, ако во истовреме Спартак славеше во Ливерпул. Сепак Севиља одигра неочекувани 1:1 со Марибор, а претходното коло на еден Ливерпул од 0:3 му се врати на 3:3.
 
- Во групата Ф Наполи бркаше победа со надеж дека и моќниот Манчестер Сити ќе победи во Украина и така ќе оди во осминафинале. Силниот тим на Сари кој има само еден пораз во Серија А, загуби од Феенорд кој до вчера ги имаше загубено сите средби во ЛШ.
 
- Третиот резултат кој го прогласуваме за скроз нелогичен е поразот на Лајпциг од Бешикташ, бидејќи Турците беа веќе пласирани, а Бундеслигашот бркаше поголема победа од Порто за пласман во топ 16. Ама Порто кој славеше 5:2, сериозно си го сфати двојот за тоа кој ќе победи повеќе, за разлика од Лајпциг.
 
Што ни е поентата. Дека со вакви калкулантски резултати не може да не држи вода муабетот дека фудбалот стана милионски профитабилен бизнис за кладилниците. Или поточно се игра за нив.
 
Тие ги спуштаат коефициентите и те навлекуваат на 1.20, 1.30 дека тоа е сигурна победа и така млатат пари, бидејќи кој би типувал дека Феенорд ќе го победи Наполи или Марибор ќе и скине бод на Севиља.
 
Внимавајте колку се големи коефициентите само на овие три скроз нелогични резултати од синоќа.

Зошто на пример да не му ја даде на малеров Севиља, кој ете Наполи го одиграл машки.

7 декември 2017 - 11:34