Тезата дека за силна репрезентација потребна е квалитетна лига во Англија не важи. Англичаните го измислија фудбалот, а освоија само едно Светско првенство и ниту едно Европско. Тоа што го остварија пак нивните стратези во меѓународни рамки од 87-ма до сега е уште поголем срам.
Во својата биографија Бобо Виери раскажува како ја пцуел жена му на Морати без да знае која е, колку пари изгубил на покер со Роналдо, за интимите со најубавите манекенки во Италија и за Ферарито кое му го купил контроверзниот Хесус Хил од Атлетико Мадрид.
Последен пат кога овие две екипи се сретнаа во Бундеслигата, Томас Милер го постигна еден од најубавите голови во кариерата. Инаку нивниот дуел се игра во недела 15:30.
На Светското клупско првенство кое во моментов се игра во Јапонија, на мечот Атлетико Национал - Кашима, унгарскиот судија Виктор Кашаи реши да прегледа забавена видео снимка од еден дуел и да досуди пенал врз основа на виденото. Ова е историски момент и првпат на официјален меч се користи забавена видео снимка.
Минатата недела браќата Нико и Роберт Ковач ги продолжија договорите со Ајнтрахт Франкфурт до 2019. година. Не дозволија „орлите“ да испаднат лани од Бундеслига, а сега хрватските специјалисти го носат тимот во зоната на евро-куповите.
Турците имаа крвав викенд со 38 жртви кои загинаа во терористички напад во близина на стадионот на Бешикташ, а тоа донесе потресна слика и солидарен гест на играч со полицијата.
Голем број фудбалери минуваат трнлив пат за да стигнат до врвот, но она низ што поминал Кристијан Карамбе сигурно дека е приказна за долгометражен филм кој би имал рекордна гледаност. Еве и зошто.
Фенербахче успеа да го победи Феенорд на гостински терен и да го потврди првото место во групата. Понатаму за сега одат и АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етјен, Андерлехт, Зенит, Астра, АЗ Алкмар, Билбао и Генк.
Очекувано лесно, но неочекувано високо Порто со 5:0 го демолираше Лестер во дуел на екипи кои се пласираа понатаму. Борусија Дортмунд со гол во финишот израмни на „Бернабеу“ и како прва во групата пред Реал ќе оди понатаму.
Магазинот Forbes објави рејтинг на најбогатите спортисти во историјата. Кој од големите атлети заработил повеќе од милијарда, а кој е близу да стигне до оваа вртоглава сума?
По првичните најави и барањето на Атлетико Национал, трофејот на второто по ранг клупско јужноамериканско натпреварување да оди во рацете на Шапекоенсе, стигна и официјална потврда. Така и требаше да биде.
Фабрика Карпош и Карпош одиграа доста ефикасен натпревар во првиот ден од 10. коло во Бизнис лигата на Македонија во кој победија остварија Еуролинк и НЛБ Банка.
Ајакс и ПСВ се владетели во холандскиот фудбал во последните две децении со вкупно 17 од можни 21 титула. Но Феенорд и покрај финансиските проблеми почнува да фаќа приклучок во друштво на славното трио и да атакува на титулата која последен пат ја освои кога Круз им беше шпиц.
Во последниот натпревар пред долгата зимска пауза, ракометарите на Вардар вечерва во 9. коло од ЛШ загубија од актуелниот европски првак Кјелце со 27-24.
За сладокусците на голови кои минатиот месец пропуштиле многу хајлатси, повелете една доста фина компилација на топ 30 голови за ноември, сето тоа одлично зачинето со коментатори. Роналдо го нема, ги има Меси и Бејл, но тие се споредни играчи во однос на другите мајстори на листава каде прв заслужено е голманот со лудите ножички во 95-та.
Од Земун преку Прилеп и Пирот патот го носи во Ајндховен, Лондон, Париз, Истанбул, Мадрид, Санкт Петерсбург и Хонг-Конг. Матеја Кежман е најомилениот играч во кариерата на Гус Хидинк и фудбалер кој Тери го спречил да се степа со Жозе Мурињо
Од јануари 2014-та до сега на клупата на 7-кратниот Европски првак седнаа Алегри, Сидорф, Инѕаги, Михајловиќ, Броки и Монтела. Со овој последниов, тимот не само што се искачи на табела онаму каде што го личи, туку стана и двојно поскап.
За првпат во историјата една македонска фудбалска репрезентација ќе игра на едно Европско првенство. Нашите млади момци следната година ќе играат против: Португалија, Србија и Шпанија.
На човекот кој од родниот југ се преселил на север само за да биде поблизу до Јувентус, животот му станал драматичен од кога ја почуствувал сладоста на лесната заработувачка од препродажба на карти во која се вртат милионски суми.