Во дожд од голови ЕЛЕМ ги однесе бодовите во дуелот со Фабрика Карпош

Фабрика Карпош и Карпош одиграа доста ефикасен натпревар во првиот ден од 10. коло во Бизнис лигата на Македонија во кој победија остварија Еуролинк и НЛБ Банка.

Во дожд од голови ЕЛЕМ ги однесе бодовите во дуелот со Фабрика Карпош
Фабрика Карпош 9-13(6-4) ЕЛЕМ
Фабрика Карпош: Александар Божиков 1’ 13’ 28’ 40’ Љупчо Петрушевски 6’ Игор Николовски 10’ 19’ 25’ Георги Божиков 15’
ЕЛЕМ: Пеце Соклевски 7’ Антонио Ничевски 10’ 27’ 30’ 40’ Влатко Петровски 16’ 34’ 36’ Синиша Ковачевиќ 19’ 21’ 29’ 31’ Димче Димитријески 31’
Десетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Фабрика Карпош и ЕЛЕМ.

И двете екипи играа брз и отворен фудбал со одлична реализација. Екипата на ЕЛЕМ играше со голман играч со што му дозволи на Фабрика Карпош секоја грешка во додавање од последниот ред од одбраната да ја претвори во гол. Фабрика Карпош на полувремето успеа да дојде до водство од 6-4. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ успеа да направи целосен пресврт во своја полза користејќи го вишокот играч со што стекна резултатска предност од 8-11 на само 5 минути од крајот на натпреварот. Во последните минути од натпреварот ЕЛЕМ го зголеми водството на конечни 9-13 со што ги однесе бодовите.

Стефковски со хет-трик ја донесе победата на Еуролинк во дуелот со НЛБ Банка
Еуролинк 5-2(1-0) НЛБ Банка
Еуролинк: Раде Бакев 1’ Филип Блажевски 28’ Ивица Стефковски 31’ 36’ 38’
НЛБ Банка: Дејан Кекеновски 27’ Жарко Димитриевски 39’
Вториот натпревар во десетото коло го одиграа екипите на Еуролинк и НЛБ Банка.

Екипата на Еуролник успеа уште во првата минута преку Бакев да ја изненади одбраната на НЛБ Банка и дојде до воддство од 1-0 по што следеше крајно израмнето полувреме во кое и двете екипи воде израмнета борба. Ниедна од екипите не успеа да постигне гол па на полувремето резултатот остана непроменет 1-0. Во второто полувреме екипата на НЛБ Банка преку Чекеновски успеа да го израмни резултатот на 1-1, по што НЛБ Банка се одлучи да игра со голман играч како би стекнла резултатска предност. Екипата на Еуролинк го искористи голманот играч кај НЛБ Банка па преку Стефковски кој постигна хет-трик и успеа да стигне до водство и победа од 5-2

Рамстор со срце на терен до победа над ЈСП
ЈСП 4-7(2-3) Рамстор
ЈСП: Даниел Антовски 6’ Марјан Србиновски 17’ Велко Серафимовски 28’ Љупчо Павловиќ 29’
Рамстор: Ибрахим Бекир 7’ Авни Воша 13’ Ведат Арслан 19’ 35’ 36’ Џеладин Џули 21’ Арјан Цами 40’
Екипите на ЈСП и Рамстор одиграа динамичен натпревар исполнет со возбуди и пресврти.

Во првото полувреме и двете екипи играа во висок ритам кој го испрати добрата физичка подготвеност на двете страни. Екипата на Рамстор на полувремето успеа да отиде со минимална предност од 2-3. Во второто полувреме екипата на ЈСП успеа да ја искористи повредата на Арслан кој мораше да го напушти теренот и да фати резултатски приклучок израмнувајќи на 4-4, но на 6 минути од крајот Арслан се врати во игра оставајќи го срцето на терен со два гола за победа на Рамстор од 4-7.

6 декември 2016 - 09:41