„Во 1931 година Французите го собрале врзан мојот прадедо од Нова Каледонија и го донеле на изложба на колониите каде што тој го претставувал својот народ Канако. Неколку дена Парижаните го гледале во зоолошка градина како да гледаат животно. И како после тоа можев да ја пеам француската химна?“
Племенската заедница на островот Нова Каледонија
Нова Каледонија е прекуморски регион на Франција којшто се наоѓа во Меланезија во Океанија. Составена е од неколку острови и има население од околу 249.000 жители. До 2019. година треба да се одржи референдум на кој ќе се одлучува дали Нова Каледонија ќе стане самостојна држава или ќе остане во државна заедница со Франција.
На Нова Каледонија е роден и Кристијан Карамбе. Во колибата каде што растел станало тесно - родителите живееле со 12 деца и Кристијан го пратиле на школување.
Вујко му на малиот Кристијан се борел за независност на племето Канако од Франција. На денот на изборите во 1984. година со нож ја дупнал и скршил избирачката кутија и ги запалил гласачките листови. Три месеци подоцна убил француски жандарм а про-француските радикали трчале со бејзбол палки во интернатот каде што бил сместен Кристијан поради што црномурестите ученици морале да скокаат од втор спрат и да бегаат.
Брзите нозе му помогнале на Карамбе и тогаш, но и на пробата во фудбалскиот клуб Нант. Директорот на овој тим Роберт Будзински сакал во Франција да ги доведе најталентираните играчи од Нова Каледонија меѓу кои најголем талент бил Антоан Комбуаре и уште две имиња: Виктор Зеула и неговиот втор братучед, Кристијан Карамбе.
Виктор, кој бил син на еден од водачите на племето Канако ја поминал пробата, а Кристијан не го пуштиле родителите затоа што во мај 1988.година француската армија ликвидирала 19 сепаратисти на Канако кои не сакале да се предадат. Само два месеци подоцна, кога Франција му дала на племето Канако можност сами да изберат власт во замена за тоа да се откажат од борбата за независност, родителите го пуштиле Кристијан во Нант.
18.000 километри пат до Франција преку Њу Делхи
„Ако не бев фудбалер, ќе станев порно актер“, изјави Карамбе во минатогодишното интервју за Marca, кога паднал разговор за тоа зошто не можел да игра во Нант како тинејџер.
Четириесет часа летал Кристијан до Франција, со преседување во Сиднеј, Сингапур, Џакарта и Њу Делхи и на крајот се нашол во Париз. Трчал до Ајфеловата кула, но од маглата не можел ништо да види и продолжил за Нант каде го импресионирал тренерот Жан-Клод Сидо и соиграчите Дешамп и Десаи.
После првиот тренинг Сидо помислил дека му пратиле спринтер, а не фудбалер: Карамбе бесно трчал по теренот и не водел многу сметка за тактиката. „Он знае да игра, останатото ќе го научиме - тоа е интересна задача за мене“, помислил Сидо и му дал договор на Кристијан а во исто време му го наденал прекарот „Безумниот коњ“.
Карамбе се сместил во интернатот на Нант, но преку викенд кога неговите цимери го напуштале домот и оделе кај родителите дома, тој останувал сам затоа што до дома имал околу 18.000 километри. Братучедот Виктор преминал во Кемпер и отворено зборувал дека многу Французи гледаат на неговата татковина како на остров со терористи.
Во клубот Нант тогаш било тажно. Долговите пораснале до 60 милиони франци, така што за да не испаднат во втората лига морале да ги продадат Дешамп, Ле Гвен и Комбуаре. Кога отворило место, академците Карамбе, Педрос, Уедек и Локо се нашле во првиот тим кој тогаш го добил Сидо за прв тренер наместо легендарниот Чиро Блажевиќ.
Во 1993. година Нант се сретнал во финалето на Купот на Франција со ПСЖ, а Карамбе одново се сретнал со својот сонародник Комбуаре. „Честитам, денес еден Канако ќе го освои Купот на Франција“, му рекол Комбуаре пред мечот на Кристијан.
Во второто полувреме, Карамбе кој играл во одбрана со Зоран Вулиќ направил пенал над Лоран Фурние, по што го пцуел судијата и добил директен црвен картон и три-месечна суспензија за напад врз судија. Кога се вратил дома, татко му му рекол: „Ја посрамоти фамилијата и целиот канакски народ“.
Покана за настап за Франција и смртта на татко му Пол
За време на суспензијата, Карамбе му помагал на клупскиот готвач во Нант, а кога се вратил на теренот добил покана за настап за француската репрезентација која што ја возобновувал Еме Жаке. После победата на турнирот во Јапонија, репрезентативците на Франција седнале во некој бар во градот Кобе но Карамбе останал три ноќи по ред во соба со легендарниот напаѓач Патрис Локо кои викнал друштво.
Кога дознал дека татко му бил сериозно болен, Карамбе решил итно да одлета во својата татковина, а од Јапонија до таму ималу девет часа. „Да не си помислил да ја напуштиш репрезентацијата“, му рекол татко му Пол на телефон. Нему му останале уште неколку недели живот. По смртта на татко му Кристијан дошол во Нова Каледонија со првиот лет, но не стигнал на погребот кој морал да се организира што порано поради неподносливите горештини.
Една година подоцна, Карамбе ја освоил титулата во Франција со Нант и бил прогласен за најдобар играч на Океанија. Во меч од Купот на УЕФА каде Нант стигнал до четвртфиналето, Кристијан го воодушевил Свен-Горан Ериксон, тренерот на Сампдорија. Во Џенова Карамбе се преселил со својата девојка Естела Делакруа, ќерка на уредникот на весникот Libération која што работела во фан-шопот на Нант. Со неа добил син Матје и ќерка Инес. Сите четворица живееле во вила во населбата Бољаско каде што прв сосед им бил Руд Гулит, а за викенд оделе во Портофино со уште еден Холанѓанец, Кларенс Сидорф со кој Сампдорија го спои Карамбе.
„Во Џенова првпат видов толку работоспособен играч. На тренинг никој не му можеше ништо. Се прашував од каде му толку енергија и зошто никогаш не е изморен, а тој одговараше дека растел во големо семејство во кое секое дете имало дневна задача. Тој на пример секое утро морал да пешачи неколку километри до продавницата за да купи леб. Морал да брза затоа што дома го чекале неколку гладни луѓе“, напишал во својата автобиографија Свен-Горан Ериксон.
Во април 1996. година, Карамбе на аеродромот Линате во Милано здогледал страшно атрактивна висока блондинка, а напаѓачот на Сампдорија Роберто Манчини му кажал дека таа манекенка била прогласена за девојка на годината во изборот на пивскиот бренд Peroni. Кристијан се заинтересирал за неа и ја поканил Адриана Склераникова на мечот против Бари.
По дуелот, таа признала дека фудбалот ја смирувал и помнела како кога била мала татко и Мирослав легнувал на каучот со пиво во рака и гледал натпреваро од чешкото првенство. „Тогаш со сестра ми можевме да играме што сакаме на раат, и да не се плашиме да не турнеме или скршиме нешто“, се сетила новата девојка на Карамбе.
Доследен до зборот на Капело и проблемите со Жак Ширак
Еден месец подоцна, Сампдорија дома го згромила Милан со 3:0 и после мечот Фабио Капело, тогаш тренер на трофејниот Милан ги тргнал на страна Карамбе и Сидорф во соблекувалната и им рекол: „Одам во Реал Мадрид, би дошле ли со мене? -Да!, викнале и двајцата во ист глас.
Сидорф се пресели веднаш, но Сампдорија се договарала со Барселона да го продаде Карамбе за 65 милиони франци (десет милиони евра). Реал нудел помалку, но Кристијан веќе му дал збор на Капело, ја одбил Барса и останал во Џенова.
Кога новиот претседател на Франција, Жак Ширак ги возобновил тестирањето на нуклеарното оружје во Тихиот океан, Карамбе се откажал од настапите за Франција. Селекторот Жаке го убедувал, но Карамбе продолжил да го критикува Ширак во интервју за Corriere Dello Sport а потоа ги договорил соиграчите во клубот да носат маици и парола „Сампдорија за мир“.
На Европското првенство 1996 година младата француска репрезентација испадна во полуфиналето, а новинарите го критикувале Карамбе, прво затоа што после четвртфиналето со Холандија не се радувал со соиграчите, туку го тешел Сидорф и второ што не ја пеел химната и молчел за време на нејзиното интонирање.
Карамбе објаснил дека Сидорф му е близок другар и кога го видел во солзи реагирал рефлексно, а „Марсејеза“ воопшто не ја знаел напамет уште од детството - кога во 1979. година тогашниот француски претседател Валери Жискар Д’Естен ја посетил Нова Каледонија, Кристијан и неговото одделение морале да пропешачат 20 илометри, да мафтаат знамиња и да ја пеат химната.
Истовремено Карамбе признал дека никогаш не се чуствувал како Французин, туку само Новокаледонец и не сфаќал зошто неговата земја не можела да стане независна.
„Играв за Франција поради тоа што сакав светот да дознае за проблемите во мојата татковина. За време на химната се молев во знак на сеќавање на татко ми“, изјави Кристијан Карамбе во едно интерју за Canal Plus.
Како дедо му го врзале во зоолошка како племенски експонат во Париз
Новинарката Клаудин Вери во книгата за Карамбе напишала дека кога тој се вратил дома после Европското, прво ја здогледал фотографијата на својот прадедо Вили, направена во Хамбург на почетокот на ’30-те години.
Кристијан слушал од постарите дека во 1929. година после економската криза, француските власти одлучиле да го покажат богатството на империјата и во париската зоолошка градина ги претставила сите колонии.
Вили Карамбе и други Канаки после двомесечно патешествие на брод биле сместени во кафез со табличка на која пишувало: „Човекојадци“. Во нивна близина бил кафезот со крокодилите. Канаките биле должни да рикаат и да танцуваат, а посетителите оваа „можност“ ја плаќале пет франци. После Париз, Вили Карамбе и неговите сонародници ги пратиле на слична изложба во Хамбург а потоа им предложиле да ја продолжат европската турнеа. Вили одбил и отпловил дома во Марсеј, а пет од седум негови сопатници умреле од глад или спиеле под отворено небо.
Сопственикот на Сампдорија, Мантовани го бркал Кристијан во Барселона, а новиот тренер Меноти го ставил Карамбе на лев бек со цел да испровоцира негов трансфер. Но Карамбе стоел на зборот и сакал само во Реал.
„Поради бојкотот можевте да го пропуштите Светското првенство. Како можевте да одбиете една Барселона?“, го прашале во една емисија во студиото Canal Plus, а тој одговорил: „Во меланезиската култура зборот значи повеќе од парите и договорот“, одговорил Карамбе.
Во октомври 1997. година на „Сантијаго Бернабеу“ играл хуманитарна средба во борба против расизмот а навивачите на Реал цело време го скандирале неговото име. Уште не потпишан во Реал а веќе уживал на овој стадион. На крајот Мантовани прифатил да го продаде за пет милиони евра иако иницијаторот на трансферот, Фабио Капело веќе одамна се вратил од Мадрид во Милано.
Новиот тренер на Реал, Јуп Хајнкес го ставил Кристијан на крило во средината, зад него бил Панучи а пред него Роналдо и Карембе постигнал три гола на три меча по ред во Лигата на шампионите, два против Баер Леверкузен и еден против Борусија со што го внел Реал во финалето на ЛШ каде „Кралевите“ до тогаш не биле уште од 1981. година а не освоиле титула од 1966. година.
Злато на Светското и мајка му со пасошот во бар
Во рок од два месеци, Карамбе ги освои Лигата на шампионите и Светското првенство каде поради болка во зглобот играше малку и на разни позиции: против Данска играше стопер, против Италија полушпиц, а против Хрватска лево крило. Во полуфиналето Кристијан после 30 минути мораше да го напушти теренот по дуелот со Давор Шукер, соиграчот од Реал Мадрид.
За време на полувремето против Хрватска кога резултатот беше 0:0, Еме Жаке викнал: „Се плашите ли, што е работава? Ќе изгубите ако играте вака како кукавици“. Само што почна второто полувреме, Шукер го отвори резултатот, но Турам брзо ги извади домаќините во 47’ минута а потоа и со втор гол во 69-та и Франција отиде во финале.
Пред финалето Карембе се слушнал со соиграчот од Реал Мадрид Роберто Карлос и дознал дека Роналдо е тешко повреден: „Сериозен си? , го прашал Жаке. -Не, го однеле во болница, коленото му било многу повредено“. Но Жаке тоа го сфатил како блеф на Бразилците.
После вториот гол на Зидан против Бразил, мајка му и тетка му на Кристијан ги напуштиле своите места на стадионот и тргнале во барот до „Стад де Франс“. Кога финалето заврши и играчите го креваа пехарот, Кристијан видел дека има многу пропуштени повици.
„Мајка ми се изгубила. Отишла да јаде и не се врати долго време“, се сеќава Карембе во автобиографијата. „Таа се плашеше многу од метеж и големи гужви, поради што се вратила во барот и го замолила келнерот дали може да ѕвони кај синот. „Еве го бројот на мобилниот“, му рекла. -А како се вика вашиот син? ’Кристијан Карембе’, рекла таа, а келнерот не поверувал поради што таа морала да го вади неговиот пасош.
Кога мундијалското злато се славело на Елисејските полиња, Кристијан дошол во својот дом во Нант каде спремал скара и ја славел победата со семејството и Адриана Скленарикова. После шест месеци Карамбе побарал одмор од претседателот на Реал Лоренцо Санс и се оженил со Адриана во Порто, а на свадбата бил присутен и Кларенс Сидорф.
Кога Кларенс поптишал со Интер, Карамбе го напуштил Реал и ретко играл поради проблеми со грбот (поради тоа ја пропуштил победата на Реал во финалето на ЛШ во 2000-та) и решил да се пресели во Мидлзборо. Таму големата компанија BT CellNe успеала да ги донесе Циге, Пол Инс и Ален Бокшиќ.
Откако се навикнале на животот во Англија, Кристијан и Адриана се преселиле во Мортон, село на крајот од Мидлзборо. Во овој индустриски град им биле досадно до почетокот на пролетта. Мидлзборо тогаш сонуваше пласман во Европа, но сезоната ја завршија на 14. место, а Карембе на крајот реши да замине во Олимпијакос каде го избраа за најдобар играч во грчкото првенство.
Бербата на грејпрфут и лов на ракови во Нова Каледонија со Зидан, Пирес и Лоран Блан
Новиот селектор на Франција, Роже Лемер не размислувал за повредата на Карамбе и неговата пауза во Реал и се однесувал со него како татко (синот на Роже работел агрономија во Нова Каледонија). Притоа селекторот сакал Карамбе да биде неговиот главен играч на ЕП 2000 и Купот на Конфедерации 2001.
Откако освои со репрезентацијата уште две титули, Карамбе бил приморан да ја напушти во пролетта 2002-ра кога навицвачите го исвиркале кога влегувал место Кандела на пријателската против Шкотска и му скандирале: „Анти-Французин“!
Зинедин Зидан тогаш рекол дека навивачите заборавиле на победата од 5:0 а Лемер нивното однесување го нарекол навреда за земјата. Во меѓувреме лидерот на националистичката партија Жан-Мари Ле Пен во време кога бил вториот најпопуларен политичар во земјата барал Карамбе да се протера од репрезентацијата.
Откако успешно го одработи договорот со Олимпијакос, Карамбе отишол во Женева каде го викнал неговиот агент од ’90-те Марк Роже, истиот оној кој ја почнал распродажбата на шампионскиот Нант. Роже го купил Сервет за еден франк, но немал доволно пари за плата за играчите.
По таа авантура, Кристијан последните месеци од кариерата ги мина во Бастија, од причина што после свадбата во Понто-Векио мечтаел да заигра на Корзика.
Една деценија од златниот пехар на Мундијалот, Карамбе ги повикал Зидан, Џоркаеф, Жаке, Лебеф, Блан, Лизаразу, Дешамп и Пирес во Нова Каледонија, островот кој 25 години претходно многу Французи го сметале за остров на терористи. Карамбе ги шетал другарите по островот, им го покажал родното племе, им покажал како се собира грејпфрут, како се копа компир и како се ловат ракови: „Мислев дека сме далеку, но сега гледам колку сме близу“, му рекол Еме Жаке.
Притоа зборот го земал Паскал Вакапо кој му се обратил на Кристијан: „Ти си ѕвезда, но ајде кога сме веќе овде оди собери дрва а јас и Зидан ќе запалиме оган“.