Најемотивната прослава на гол во Турција

Турците имаа крвав викенд со 38 жртви кои загинаа во терористички напад во близина на стадионот на Бешикташ, а тоа донесе потресна слика и солидарен гест на играч со полицијата.

На околу два часа по завршувањето на мечот меѓу Бешикташ и Бурсаспор, до стадионот експлодира бомба која однесе 38 жртви и повреди преку 140 луѓе.

Турција беше во шок и натпреварите во домашното првенство ги почна со едноминутно молчење, а 30 од 38-те жртви во терористичкиот напад се полицајци.

Јасин Озтеки кој постигна хет- трик за Галатасарај на дуелот со Газијантеп во моментите на болка и како знак за почит, при постигнување на првиот погодок најпрво гестикулираше како војник, а потоа ги прегрна специјалците кои го прифатија потегот.

12 декември 2016 - 15:56