Во израмнета борба екипите на НЛБ Банка и Рамстор ги поделија бодовите

На одложените средби во Бинзнис лигата Уника го совлада ЈСП, а НЛБ Банка и Рамстор одиграа реми.

Во израмнета борба екипите на НЛБ Банка и Рамстор ги поделија бодовите
НЛБ Банка 7-7(3-4) Рамстор
НЛБ Банка: Фарук Биљали 5’ 19’ 19’ 27’ Жарко Димитриевски 21’ 25’ Иван Стојанов 30’
Рамстор: Ибрахим Бекир 1’ 30’ Фуркан Муртези 3’ Зоран Алексовски 10’ Ведат Арслан 20’ 22’ 25’

Екипата на Рамстор на самиот почеток од првото полувреме ја имаше иницијативата и со добра игра успеа да стекне солидна предност, но НЛБ Банка со цврста и борбена игра успеа да фати резултатски приклучок и на полувремето да стигне до само еден гол негатива при резултат од 3-4. Второто полувреме имавме идентична слика каде екипата на Рамстор при водство од 4-6 и дозволи на екипата на НЛБ Банка за само една минута да постигне два гола и израмни на 6-6. До крајот на овој натпревар се водеше израмнета борба во која ниту една од екипите не успеа да оствари резултатска предност и со резултат од 7-7 ги поделија бодовите.

Уника со одлично второ полувреме до победа во дуелот со ЈСП
ЈСП 2-7(1-2) Уника
ЈСП: Томи Петковски 20’ Велко Серафимовски 24’
Уника: Љуљзим Каштањева 10’ 40’ Арбен Нухиу 14’ 35’ 38’ Влатко Деспотовски 26’ Бесим Нухиу 40’

Натпреварот помеѓу ЈСП и Уника го отвори екипата на Уника која преку Каштањева во 10-та минута успеа да дојде до водство од 1-0 на кое му се приклучи Нухиу со чив гол водството порасна на 2-0. Екипата на ЈСП беше настојчива и со офанзивна игра се бореше да го намали водството што им појде од рака во самиот финиш на полувремето кога преки Петровски намалија на 2-1. Во второто полувреме екипата на Уника ја играше својата препознатлива игра за која ЈСП не можеше да најде против игра па на крајот Уника славеше со 7-2

15 декември 2016 - 10:46