Јужноамериканската конфедерација потврди дека советот на КОНМЕБОЛ кој има овластување да ги извршува наредбите на институцијата, одлучи да се изјасни и ги донесе следниве одлуки по повод Копа Судамерикана 2016:
1. На 30 ноември, фудбалската конфедерација на Јужна Америка доби писмо од Атлетико Национал, упатено до господинот Алехандро Домингез, претседател на КОНМЕБОЛ со барање, титулата на Копа Судамерикана да оди постхумно кај Шапекоенсе.
2. По ова, советот донесе одлука за шампион на Копа Судамерикана 2016 да го именува Шапекоенсе, со сите спортски и економски привилегии, а тоа подразбира парична награда од 2 милиони долари.
3. За КОНМЕБОЛ не постои поголем знак од „духот за мир, разбирање и фер игра“, како и солидарност, внимание и почит покажани од страна на Атлетико Национал кон своите враќа од Бразил.
4. Атлетико Национал кој со своето однесување го промовираше фудбалот во Јужна Америка во духот на мирот, разбирањето и фер играта, советот одлучи да му додели еднократна награда за фер плеј “Centenario Conmebol al Fair Play” која се состои од 1 милион долари.
Потпретседателот на Чапекоенсе Иван Тоџо одлуката ја нарече како “правдина“ и изјави:
„Бевме сигурни дека Шапе ќе биде шампион. Тоа е убав почит“.
Авионската несреќа која се случи минатиот понеделник на неколку километри до Меделин, однесе 71 жртва меѓу кои 19 играчи од Шапекоенсе и членови на стручен штаб, а од шестмината преживеани патници тројца се фудбалери.
Истрагата за причините за несреќата продолжува, а сегашните тврдења се дека авионот останал без гориво. Малиот бразилски град Шапеко одржа масовен погреб во саботата откако жртвите ги донесоа дома во ковчези покриени со зелено белото знаме на клубот.
Цел фудбалски свет им оддаде почит, а едноминутно молчење е предвидено да има и пред секој натпревар во Лига на шампиони и Лига Европа. Неколку бразилски клубови ветија дека бесплатно ќе му позајмат играчи на Шапекоенсе и побараа да бидат заштитени од испаѓање во прва лига во следните три години.
На 11 декември Шапекоенсе требаше да го одигра последниот првенствен натпревар, но тоа нема да се случи бидејќи тој резултат нема да влијае на шампионатот ниту за одлучување на титулата, ниту за опстанок.
На Шапекоенсе за следната година му е гарантирано место во Копа Либертадорес (исто како ЛШ во Европа), а инаку како освојувач на Копа Судамерикана ќе одигра и двомеч против актуелниот првак на Копа Либертадорес кој инаку е Атлетико Национал.
Бразил и Колумбија на крајот од јануари ќе одиграат хуманитарен пријателски натпревар за да им помогнат на семејствата на жртвите од авионската несреќа. За само два дена 13.000 луѓе се пријавиле да станат членови на клубот.
ПРИЧИНИТЕ И КОНТРОВЕРЗИТЕ ЗА НАЈГОЛЕМАТА СПОРТСКА ТРАГЕДИЈА ВО 21. ВЕК