Вељановски со звукот на сирената ја донесе победата на Македонски Телеком во дуелот со Уника

Гранит, ЕЛЕМ и Македонски Телеком тргнаа со победи во 10. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Вељановски со звукот на сирената ја донесе победата на Македонски Телеком во дуелот со Уника
Македонски Телеком5-4(3-3) Уника
Македонски Телеком:Михајло Лазаревски 1’ 32’ Ивица Вељановски 8’ 40’ Душко Симоноски 13’
Уника: Влатко Деспотовски 3’ Бенјамин Граинца 17’ 20’ Арбен Нухиу 35’

Екипата на Уника во дуелот со Македонски Телеком влезе значително ослабена практично без играч во ротација и помош од клупата. Во првото полувреме иако Македонски Телеком дојде до водство Уника со борбена игра успеа да го израмни резултатот на 3-3 и така да го заврши првото полувреме. Во второто полувреме се играше егал натпревар но Македонски Телеком успеа да ја искористи подолгата клупа и во последната минута кога екипата на Уника имаше пад на концентрацијата преку Вељановски постигна гол за победа од 5-4 во овој натпревар.

Гранит со дициплиниран напад до победа над Оне.Вип
Гранит 8-2(4-2) Оне.Вип
Гранит: Стеван Митревски 4’17’ 32’ Сашо Каровски 14’ Стефан Тевдовски 16’ 26’ Пепи Мицев 28’ 28’
Оне.Вип: Мартин Ангеловски 5’ Јовица Наумовски 15’

Во првото полувреме екипата на Гранит со исклучителна дисциплина во нападот успеа да дојде до водство против Оне.Вип. Во текот на целото прво полувреме екипата на Гранит ја контролираше играта не дозволувајќи му на Оне.Вип да најде против игра. Во второто полувреме Гранит од минута во минута го зголемуваше водството што на крајот резултираше со висока победа од 8-2.

ЕЛЕМ со сигурна игра до победа над Факом
Факом 8-11(3-6) ЕЛЕМ
Факом: Шенол Аџировски 6’ 9’ 38’ Бојан Симоновиќ 13’ Мартин Митковски 22’ Боро Мисердовски 30’ Бобан Китановски 35’ 40’
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 1’ Диме Милевски 2’ 22’ 25’ Антонио Ничевски 4’ 8’ 39’ Павле Маџовски 11’ 15’ 40’ Пеце Соклевски 22’

Екипата на ЕЛЕМ уште на самиот старт наметна свое темпо со кое успеа да оствари резултатска предност. Факом во текот на целиот натпревар се обидуваше да ја анулира предноста и да најде против игра, но ЕЛЕМ не го дозволи тоа успеа да го сочува вдството кое го стекна во првото полувреме и на крајот славеше со 8-11.

13 декември 2016 - 10:43