Неговиот пат лесно може да се каже дека бил трнлив. По раната смрт на татко му Хамлет кој бил познат фудбалер, Хенри ветил самиот на себе дека ќе го продолжи неговото дело.
16 најнеобични цитати на човекот со фластер на лицето, кој се соочува со сериозни обвинувања за корупција и примање мито за организација на СП во Катар.
Необичната судбина и пороците ја однесоа низ вода кариерата на еден од најталентираните холандски фудбалери на почетокот на новиот милениум, Енди ван дер Мејде.
Кога на едно место ќе се спојат источната и западната култура се добива контраст од многу нешта. Марсеј е градот кој живее за Олимпик, некогашниот европски шампион и град кој ќе пречека една групна фаза од ЕП 2016.
Кога локален лист од Фиренца направил анкета за тоа кој е најубавиот гол што го примила нивната Фиорентина, 90% од испитаниците изјавиле дека тоа е погодокот на Алесандро Дел Пјеро на 4 декември 1994. година на Деле Алпи. Малиот Моцарт како што го викаа Алекс тогаш имаше 21 година.
Еден од поважните моменти во историјата на модерниот фудбал се случи на денешен ден пред 17 години. Збунетиот Стиви дебитираше за Ливерпул, а понатаму се друго е историја.
Во 1992. година, Атлетико изгласа тешка одлука за затворање на фудбалската академија за која сметаа дека е фрлање пари. Отворена е неколку години подоцна и од тогаш е една од најдобрите академии во Европа која непрестано произведува таленти.
Вотфорд почнува да сфаќа колку голема работа им завршил нигерискиот напаѓач Одион Игало кој летово одби астрономска понуда од Кина за да остане во клубот и да стане најдобар стрелец во премиерлигашката историја на жолто-црните.
Еден од потрофејните тренери и играчи во историјата на Барселона е воедно и еден од ретките што го носел дресот и на Реал Мадрид и на Каталонците. Ова е приказната за тоа како Луис Енрике стигнал до Кралскиот клуб, па назад во Барса.
Кај нас уште не сме слушнале некој да крсти дете Вардар, Силекс или Шкендија. Во Лондон, навивач на Милвол решил страста кон клубот и буквално да ја префрли од татко на син.
Со над 1.000 натпревари, над 400 голови и ниту еден црвен картон во кариерата, фудбалот од денеска станува посиромашен без иконата на Реал Мадрид кој играше 21 година фудбал. Во пензија го испратија Американците од Њујорк Космос со кои синоќа стигна до титула во втората лига.
Животот ни малку не го галел Нолито. Фудбалерот на Селта Виго и шпанската репрезентација растел без татко и мајка, но стигнал до врвот благодарение на дедо му.
На славниот италијански арбитар се потсетивме вчера, а повод беше хуманитарниот натпревар кој ќе го суди на кој тренери ќе бидат Фергусон и Анчелоти. Ете го денеска пак со една интересна вест каде му дава психолошка помош на едно дете.
Одиш во школо, им го пушташ видеово на другарите во клас и им покажуваш како се води навивачка група. Снимката е по лондонското дерби меѓу Арсенал и Тотенхем кое заврши 1:1, а малиот почнува да пее за Кристијан Ериксен.
Како мал Крис Смолинг редовно одел со мајка му на Хајбери да го гледа идолот Тони Адамс, а неговиот сега покоен татко мечтаел син му да заигра на Олд Трафорд.
И покрај славата и парите, поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, кој од сезонава ги полните мрежите во Серија А како член на Рома, повторно се навраќа на неговото минато во БиХ кое го научило дека не е се во фудбалот.
Милан е без сомнение еден од најславните фудбалски колективи на светот, но неколку играчи кои не можеа да се пронајдат себеси на Сан Сиро, се препородија откако ги напуштија Росонерите.
На денешен ден во 1994. година, стадионот Ла Ромареда во Сарагоса беше местото каде Раул Гонзалес Бланко за прват заигра во дресот на Реал Мадрид и му намести гол на Иван Заморано. Сè друго е историја.
„Еден ден ќе му ја додаваш на Тоти со нога, а не со рака", му рекол Луиџи Флоренци, таткото на Алесандро кој од Јужната трибина на Олимпико се симна на теренот и заигра покрај својот идол, капитенот Франческо Тоти.
Фудбалерот на Реал Мадрид и Интер важеше за играч кој не е волшебник со топката, но има страшна фудбалска интелегенција и авторитет кој му дозволи на официјалните натпревари комотно да носи дрес на кој стоеше 1+8.
Во Киев го обвинуваат дека ги финансира бунтовниците, во Москва дека ја издал каузата. Тој сака само едно: да се врати во својот град и таму да продолжи да живее.
Доста е со новиот Меси од Аргентина, или заменикот на Роналдињо во Бразил. Таленти за почит и внимание имаме и во Македонија. Посебно се издвојува малиот Ренато од Скопје кој на 6 години ја владее топката, дрибла по тројца, а во клубот каде тренира го викаат „нашето злато“.
Израснат во сиромашно семејство меѓу малолетни родители, Агуеро својот фудбалски пат го одел од прашливите игралишта во Килмеш, преку Индепендиенте па сè до Мадрид и Манчестер. Ќерката на Марадона му роди син, но потоа се раздели со неа.