Како до Марсеј?
Стадионот Велодром бил домаќин на четири најголеми турнири одржани во Франција од Европското 1960. година. Велодром е најпосетениот стадион во Франција, а рекордна посета имал во сезоната 2008/2009 кога просечно Марсеј го гледале по 52.300 гледачи. Клупското мото на Олимпик Марсеј е «Droit Au But» што има две значења. Во директен превод значи „директно до целта", а фудбалски „право на гол" (Французите сакаат јазични досетки). Од 2009. година, со клубот формално раководи руската дама Маргарита Луи-Дреифу, вдовицата на претходниот сопственик на Марсеј, Роберт Луи-Дреифу.
Каде да се седне?
Во центарот, во близина на Старата лука има добар ресторан кратко наречен Бар Бу. Изборот на пијалаци е скромен, но тук може да најдете оригинални белгиски бива кој ретко се наоѓаат во останатиот дел од Франција. Единствен недостаток е тоа што барот во недела затвора во 16:00 часот. За време на Мундијалот 1998. година ова било најпопуларно место, затоа што во близина се и плажата Прадо и стадионот Велодром кој е на околу километар ипол. За првпат во овој бар се формира фан-зоната, која подоцна ФИФА и УЕФА ја претворија во трговски претпријатија.
На пример, на Копакабана во Рио де Жанеиро лани на СП луѓето морале да направат избор или да го гледаат натпреварот на голем екран или да пливаат, затоа што фан зоната била оградена со високи огради и отсечена од плажата, така што освен иритација, алчните фудбалски власти не предизвикале ништо посебно со таквиот аранжман.
Плажата Прадо во Марсеј во 1998. година била вистински рај. Градот поставил голем видео бим на брегот, поставил повеќе седишта, и секој можел и да плива и да гледа фудбал. Луѓето можеле да купуваат пиво или вино во околните продавници и биле среќни. Многу од нив скокале во морето за да го прослават голот. Постои можност плажата Прадо следната година да биде оградена со фан зона за Европското 2016.
Каде за сместување?
Што поблиску до Старата лука се сместите, толку повеќе ќе го слушате метежот и вревата околу вашето сместување. Единствена предност на сместувањето во центарот на Марсеј е етнографијата. Марсеј е град со огромен рибен пазар, близу пристаништето и тоа е задолжителен елемент на секоја прошетка низ центарот. За оние кои сакаат хотелско сместување, близу Старата лука е хотелот Le Couvent du Vieux Port од кого има 200 метри до манастирот кој датира од XIX век.
Градот
Каде на друго место би нашле многу луксузно одморалиште со евтина чаршија? Место на кое фјордови коегзистираат со палми, а од секој агол се гледа некој ресторан со вкусна храна. Градот на најпознатиот затвореник на светот, град во кој контрастот е главно обележје. Разни култури, вери, нации, обичаи се карактеристиките на градот кој сака само еден клуб, Олимпик Марсеј.
Во раната историја, во првиот век од нашата ера, градот Марсеј се викал Масалија и застанал на страната на Помпеј во сударот со Цезар, по што бил речиси уништен, оставен без трговија и морнарица. Новата преродба на Марсеј дошла 1000 години подоцна, предводена од провансалските војводи. И за време на големото француска револуција, Марсеј ги поддржал републиканците и сега химната на Франција се вика Марсејеза. Контраст? Контраст!
Задолжително
Да се искачите до Базиликата на Нотр-Дам де ла Гард. Фасцинира со својот моќен дизајн и позлатената статуа на Богородица која што се гледа од било каде во градот. Од тврдината се простира убав поглед врз целиот град. Задолжителна е и посета на Замокот Иф кој се наоѓа на малиот остров Иф во Марсејскиот залив на 1 километар од градот. Во него наводно престојувал и најпознатиот затвореник, човекот со железната маска, легенда која беше инспирација за многу филмови и романи. До островот Иф се оди со брод од Старата лука. Таму се одвива и заплетот од делото Гроф Монте Кристо, ремек-делото на францускиот автор Александар Дима, а во замокот на островот може да се видат и екрани на кои се прикажуваат инсерти од филмот Гроф Монте Кристо.
Симбол
Марсеј - главниот град на Прованса е богат со лаванда или златниот цвет како што го викаат Французите. Речиси нема продавница во која нема сапун, парфем или пак мед од лаванда. Во и околу Марсеј има широки полиња со лаванда, поради што ова растение е и еден од елементите во грбот на градот.
Претставувањето на градовите домаќини на ЕП 2016 во Франција го отворивме со Ница, а ќе го продолжиме со Сент Етјен.