Приказната за фудбалскиот пат на Луис Енрике

Еден од потрофејните тренери и играчи во историјата на Барселона е воедно и еден од ретките што го носел дресот и на Реал Мадрид и на Каталонците. Ова е приказната за тоа како Луис Енрике стигнал до Кралскиот клуб, па назад во Барса.

Исидоро Санчез го напуштил Авилес и станал скаут на Барселона за далечниот север на Шпанија. Пролетта 1988. година, Исидоро тргнал во астуриското градче Ели Франко. Причина за тоа било што прочитал во весник за некое момче што давало многу голови за локалната екипа Ла Брања.
 
Детето се покажало како многу талентирано, Исидоро зборувал со неговите родители, со главниот тренер и решил да го земе малиот на проба во Барселона. Во меѓувреме од клубот побарал две авионски карти од Овиедо за Барселона. Откако се спакувал, малиот Луис Енрике испотен на челото гледал низ прозорецот од таксито и се обидувал да сфати што се случува. До аеродромот со нив одел и неговиот вујко Жозе Мануел кој му рекол дека ќе стигне во Барселона штом ги отвори очите.
 
Во авионот, малиот Луис за малку ќе се онесвестел од страв, а по два часа слетале на аеродромот Ел Прат во главниот каталонски град. По пат до Камп Ноу повторно почнал да се поти, ги пребарал сите џебови и забележал дека му ја нема повратната карта за дома. Ја немало ниту во фармерките, ниту во ранецот и веројатно ги фрлил со чипсот кога стигнал.

Што да правам сега, чичко Исидоро?, прашал Луис Енрике, на што скаутот му одговорил со насмевка: Уште не стигнати на Камп Ноу, а ти веќе ја стави Барса во трошок. Алал да ти е.
На пат до стадионот, Исидоро телефонирал во клубот и побарал уште една повратна карта, се насмеал и рекол сe е во ред, само лоши заклучоци ќе имаат. Ќе речат детето е нервозно, не е отпорно на стрес или нешто слично. 
 
Исидоро Санчез го сместил неговото астуриско откритие во хотелот Rallye во непосредна близина на Камп Ноу и му рекол дека за половина час ќе почне тренингот. Во меѓувреме, малиот Лучо имал болки кај препоните, сакал да сокрие но го издале неговите гримаси.

„Таа маст ја користиш поради повреда на препоните? - Не, не, првпат ставам од оваа маст, да ме загрее. -Тоа ти се нервите. На почетниците овде им даваат одмор ден-два, а во петок ќе играш против практикантите во Барса.

Немирниот Лучо следното утро тргнал да прошета со Емилио Гутиерез, кој тогаш играл за младинците. Биле до Ла Рамбла, до Парк Гуел, Барселоната и Блауграна. И покрај тоа што му рекле да ги одмора мускулите, Лучо цел ден шетал со новиот другар. Во петокот се појавил на теренот каде биле тренерите Хозе Луис Ромеро, Ориол Торт, Мартинес Виљасека и Карлес Рекшак.

Тренингот завршил брзо. По еден час во собата му чукнал Хозе Луис Ромеро „Знаеш и сам како играше денес нели? -Да, знам. -Но ние ќе продолжиме да те следиме во Астурија, немај гајле. Луис Енрике ја затворил вратата, почнал да го пакува ранецот и внимавал да не ја загуби повратната карта.

ДРУГ ЖИВОТ

„Ќе продолжиме да те држиме на око“. „Ќе ти се јавиме“. „Тренирај добро и труди се“. Само тоа го слушал Луис Енрике кој стигнал во Хихон со чувство дека веќе никогаш нема да се врати во Барселона на Камп Ноу. Откако дознале дека бил на проба во Барса, веднаш го барале помалите клубови од Астурија. Конечно нашол место во Спортинг Хихон каде играл три години. За тоа време бил прв стрелец во третата лига, дал 14 голови во првенството, 3 во Купот, меѓу кои и гол против Барса на Камп Ноу.

Реномираните спортски листови Дон Балон и Ел Паис го прогласиле за најдобар млад играч во Шпанија, а Луис Енрике наскоро бил најзаслужен што Спортинг стигнал до Купот на УЕФА. За него се заинтересирале Атлетико, Реал и Барселона и тогаш почнал заплетот.Спортинг немал доволно пари и морал да го продаде Луис Енрике, за кого новиот претседател на клубот, Пласидо Родригез изјавил дека му е криво што неговиот претходник со Лучо потпишал договор според кој било која екипа може да го купи за 250 милиони пезоси (околу пола милион евра денес). Се договорил усмено со Барселона која ветила дека плаќа 300 милиони пезоси, но во меѓувреме лично претседателот на Реал, Рамон Мендоза отишол дома кај Енрике и се договорил за 5-годишен договор.

Кога 21-годишниот Луис Енрике бил претставен на Сантијаго Бернабеу, новинарите повеќе биле загрижени околу продолжувањето на договорот со мексиканскиот напаѓач Хуго Санчез кој со една нога бил во Барселона.

„Не мислам дека Санчез ми е пречка за напредок во кариерата. Напротив, сакам да учам од него. Ако не верував во себе, немаше да дојдам овде и немаше да бидам прав. Никогаш не се сомневав во својот избор, иако ме викаше и Барселона", изјавил Лучо на прес конференцијата.

На стартот од сезоната, Луис Енрике го повредил грбот на пријателска против Барселона и пропуштил три недели. За тоа време, Хаџи, Просинечки, Мичел и Бутрагењо не брзале многу да му отстапат место, по што Енрике ретко играл кај Радомир Антиќ.

По завршувањето на сезоната, Енрике играл на Олимписките игри каде заедно со Кико и Пеп Гвардиола го освоил златото за Шпанија. Кога се вратил во Мадрид го чекал новиот тренер, Бенито Флоро. Хаџи заминал во Бреша, по што Луис Енрике добивал повеќе простор за игра и за докажување. Постигна ефектни голови против Темишвар и против Реал Сосиедад.

Луис Енрике не бил незаменлив, затоа што од позадина местото му го ловеле Мишел, Заморанои Раул. Следуваше СП 1994 година во САД на кое Мауро Тасоти, легендарниот член на Милан му го скрши носот на Енрике и беше суспендиран 7 натпревари. По враќањето во Мадрид го пречека веста дека Реал ги купил Михаел Лаудруп од Барселона, Амависка од Ваљадолид и Редондо од Тенерифе. На 7. јануари 1995. година бандата на Барселона под водство на Јохан Кројф загуби од Реал со 5-0 во Мадрид. Три гола даде Заморано, а по еден Амависка и детето што Барселона го одби како мал, Луис Енрике.

По извесно време, Реал Мадрид западнал во финансиска криза пред изборите на кои за првпат ќе се кандидира Флорентино Перез. Во тоа време, главен збор во клубот водел Хорхе Валдано кој одлучил да не го повика Луис Енрике за мечот против Албасете, под оправдание дека „го чува за Лигата на шампионите и Ференцварош".

„Глупост. Нема врска ова со некаков одмор пред Лигата на шампионите. Му кажав на мојот агент Алберто Толедо да ми бара нов клуб", бурно изјавил Лучо пред новинарите.

Тогашниот прв човек на Реал, Лоренцо Санц најавил дека ќе ги намалува или раскинува скапите договори со Заморано, Луис Енрике, Лаудруп, Мичел и Еснајдер. Во ситуација кога бил еден од најдобрите фудбалери во Европа, на Луис Енрике не му требало долго да најде нов клуб. Го барале Валенсија, Тенерифе и матичниот Спортинг Хихон, но тој поптишал со Барселона.

На крајот на мај 1996. година, потпретседателот на Барса, Жоан Гаспар на прес конференција се појави со Луис Енрике. По долги перипетии околу неговиот договор со Реал кој не го пуштал, Луис Енрике се вратил меѓу првата љубов Барселона, каде денес гледа некои нови деца, кои шетаат по Ла Рамбла.