ЈСП ги искористи грешките во одбраната на Алкалоид

Деветтото коло во Бизнис лигата на Македонија со победи го заокружја ЈСП, Адмирал и Лукоил.

ЈСП ги искористи грешките во одбраната на Алкалоид

ЈСП 7-5 (3-2) Алкалоид
ЈСП: Даниел Антов 3', 33', Томи Петковски 4', Ивица Арсенов 18', 24', 31', Љупчо Павловиќ 26'
Алкалоид: Оливер Христовски 3', 22', 23', 37', Стефан Димовски 14'

Во првото полувреме екипите на ЈСП и Алкалоид одиграа крајно цврсто и неизвесно полувреме во кое се играше гол за гол без некоја значителна резултатска предност. Екипата на Алкалоид пред крајот на полувремето се обиде со голман играч да внесе свежина но по една грешка во додавањето ЈСП успеа од чиста позиција да постигне гол за минимални 3-2 на полувремето. На самиот старт од второто полувреме по груб старт ЈСП остана со играч помалку па Алкалоид успеа да го израмни резултатот. Но ЈСП не се предаваше и за кратко време постигна гол по што следеше наизменично менување на водството но екипата на ЈСП успеа да искористи некои грешки во одбраната на Алкалоид со што направи резултатска предност и го доби овој натпревар со 7-5.

Адмирал со голман-играч до победа над Пекабеско

Адмирал 5-3 (1-1) Пекабеско
Адмирал: Стефан Серафимовски 4', Албим Шаќири 26', Спасе Новковски 26', 37', 39'
Пекабеско: Дејан Неделковски 12', 28', 32'

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Адмирал и Пекабеско. Во текот на целото полувреме акцентот беше ставен на одбраната па одтука и малиот број на голови, по еден на двете страни како што впрочем и заврши полувремето. На почетокот на второто полувреме екипата на Адмирал преку одлично изработени напади успеа да оствари резутатска предност од два гола па поведе со 3-1 но Пекабеско во своите редови го имаше расположениот Дејан Неделковски кој со два последователни гола успеа да го израмни резултатот. Но Адмирал на 2 минути пред крајот внесе во своите редови голман играч што вроди со плод и го сврте резултатот во своја полза за минимална победа од 5-3.

Лукоил ја оправда улогата на фаворит во дуелот со ОНЕ.ВИП

ОНЕ.ВИП 5-10 (3-4) Лукоил
ОНЕ.ВИП: Мартин Ангеловски 7', 8', 17', 29', 40'
Лукоил: Дејан Зиков 3', 16', 25', Марјан Цветковски 5', 10', Владимир секуловски 26', Жарко Климкаров 27', 36', Александар Аврамоски 33', Васко Стефанов 35'

Екипата на Лукоил во натпреварот со ОНЕ.ВИП влезе како апсолутен фаворит и уште на самиот старт ја наметна својата препознатлива игра недавајќи му простор на ОНЕ.ВИП да влезе во натпреварот. Лукоил го контролираше целиот натпревар буквално од првата до последната минута за да на крајот да ја оправда улогата на фаворит. Натпреварот заврши во корист на Лукоил со резултат од 5-10.

3 декември 2015 - 11:47