0 – Број на црвени картони во кариерата.
2 – Учества на Европските првенства (2000 и 2004)
3 – Учества на Светските првенства (1998, 2002 и 2006)
17 – На 29 октомври 1994 година стана најмладиот дебитант во историјата на Реал Мадрид со 17 години и 124 денови.
21 – Бројот на сезони кои ги одигра како професионален фудбалер. 16 во Реал, 2 во Шалке, 2 во Ал Сад и една во Њујорк Космос.
22 – Вкупен број на трофеи. Со Реал: 6 титули првак на Шпанија, 4 титули во Супер Куп на Шпанија, 3 титули во ЛШ, 2 во Интерконтинентален Куп и еден во Супер Куп на Европа. Со Шалке Куп и Супер Куп на Германија. Со Ал Сад првенство и Куп. Со Њујорк Космос првенство и Куп.
24 – Со 24 голови беше најдобар стрелец во Ла Лига во сезоната 2000/2001.
25 – Со еден гол повеќе тоа му успеа и претходно во сезоната 1998/1999.
44– Број на голови за Шпанија со кои е втор стрелец.
77 – Број на голови во европските купови каде поефикасни од него се само Меси и Роналдо.
150 – Рекордер по број на настапи на европските натпреварувања.
323 – Со оваа бројка на голови, тој е втор најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид.
400 – Во февруари 2012-та кога играше за Шалке стигна до 400 голови во кариерата.
550 – Втор на листата по број на настапи во Ла Лига.
741 – Рекордер по број на настапи за Реал Мадрид.
1.000 – Во 2012 година замина да игра во Катар и стигна до бројка на 1.000 натпревари во кариерата.