Како што вели мотото Италијанците го прават подобро (Italians do it better). Кујната, автомобилите, модата и некои од најиновативните архитектури доаѓаат од Италија. Оваа земја даде и двајца од најдобрите голмани во историјата, Џанлуиџи Буфон и Дино Ѕоф.
Од Апенинскиот полуостров дојдоа и страшни дефанзивци како Паоло Малдини и Франко Барези, или легендарните Роберто Баџо, Алесандро Дел Пјеро и Франческо Тоти. Но, меѓу ѕвездите кои ја прославија Серија А еден човек заслужи посебно место. Тој е насекаде препознатлив човек кои со неверојатните карактеристики стана најпочитуван светски судија. Тој човек е Пјерлуиџи Колина.
Колина растел како и многу други италијански деца; имал страст кон сè што е поврзано со фудбалот. Како многумина од нас, Колина не бил баш најталентиран играч и првите фудбалски чекори ги направил паралелно со студиите во неговата родна Болоња.
На курс за судии одел уште на 17 години. По дипломирањето на економија во 1988. година, започнала професионалната судиска кариера на Колина на дуелите во Серија Ц1 и Серија Ц2. За брзо ќелавко веќе бил прекомандуван во Серија Б. Како што напредувала кариерата на Колина, му била дијагностицирана алопеција или целосно опаѓање на косата. Во средината од ’90-те години, Колина стана стандарден и редовен судија во Серија А и брзо израсна во најдобар судија во лигата.
Неговата одлука секогаш беше конечна и секој кој ќе влезеше во дискусија со него, знаеше дека влегува во загубена битка. Го почитуваа сите, од играчи и тренери, до навивачи и управи.
Со доаѓањето на новиот милениум, Колина беше икона во Серија а и светски познат судија. Го судеше фамозното финале на ЛШ во 1999. година во Барселона меѓу Ман. Јунајтед и Баерн Минхен. Најпрестижниот натпревар, финалето на СП 2002 година во Јапонија меѓу Германија и Бразил му беше доверено на ќелавиот Италијанец. Две години подоцна го судеше и финалето на Купот на Уефа.
За тоа колку го ценеа во Италија покажа и поместувањето на годишната возраст на судиите кои може да работат од 45 на 46 години, со цел Колина да може да суди уште една сезона. Последната судиска свирка на Колина во 2005. година означи крај на една голема кариера. Пјерлуиџи стана финансов советник, а во меѓувреме ја издаде и неговата прва книга Моите правила на игра (Le Mie Regole del Gioco).
Во 2011 година влезе во Куќата на славните на италијанскиот фудбал. Колина никогаш целосно не се повлече од фудбалот. Стана главен на судиите во Украинската фудбалска федерација и продолжи да суди хуманитарни натпревари.
Во сабота, Сер Алекс Фергусон ќе го поведе тимот на Велика Британија и Ирска, а од друга страна Карло Анчелоти ќе седи на клупата на остатокот на светот.
ВБ и Ирска
Тренер: Сер Алекс Фергусон
Капитен: Дејвид Бекам
Дејвид Симан
Дејвид Џејмс
Сол Кембел
Џон Тери
Фил Невил
Рио Фердинанд
Џејми Карагер
Ешли Кол
Ники Бат
Пол Сколс
Рајан Гигс
Мајкл Овен
Енди Кол
Тренер: Сер Алекс Фергусон
Капитен: Дејвид Бекам
Дејвид Симан
Дејвид Џејмс
Сол Кембел
Џон Тери
Фил Невил
Рио Фердинанд
Џејми Карагер
Ешли Кол
Ники Бат
Пол Сколс
Рајан Гигс
Мајкл Овен
Енди Кол
Остатокот од светот
Тренер: Карло Анчелоти
Капитен: Зинедин Зидан
Едвин ван дер Сар
Кафу
Фабио Канаваро
Алесандро Неста
Луис Фиго
Роналдињо
Патрик Виера
Михаел Балак
Масимо Амброзини
Роберт Пирес
Двајт Јорк
Патрик Клајверт
Оле Гунар Солскјер
Лендон Донован
Судија на мечот ќе биде човекот што шест пати по ред беше избиран за најдобар на светот според ФИФА.