Един Џеко за фудбалот и војната

И покрај славата и парите, поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, кој од сезонава ги полните мрежите во Серија А како член на Рома, повторно се навраќа на неговото минато во БиХ кое го научило дека не е се во фудбалот.

„Во Сараево живеевме 15 луѓе во 37 метри квадратни. Одевме во скривници без да знаеме колку ќе треба да останеме. Кога свиреа сирените, ми беше страв дека ќе умрам. Кога се плашиш за твојот живот и за животот на твоето семејство, проблемите во фудбалот не се ништо. Не сум дал гол? Ништо не е тоа, ќе дадам следната недела. Не е тоа најважната работа“.

Во воениот конфликт во БиХ загинаа 100.000 луѓе, а меѓу нив и многу соседи и пријатели на малиот Един кој тогаш имал 6 години. Додека играше во Премиер лигата тој знаеше по некој гол да посвети и на неговите другари од разрушеното Сараево.

31 октомври 2015 - 11:40