Имиџот кој си го направи Колина во светот на фудбалот, се должеше најмногу на неговиот физички изглед или поточно ќелавицата која му светеше под рефлекторите на натпреварите.
Со ист таков проблем како мал се соочил и 11 годишен фудбалер од Бреша кој има алопеција и на кој за време на натпревар му скандирале: „ќелав“, „ќелав“. Малиот почнал да плаче и тренерот едвај го натерал да продолжи да игра. Кога приказната ја слушнал Колина се обратил до Газета дело спорт и испратил текст наменет за детето.
„Многу си мал за да знаеш кој сум, но ако си играл ПЕС на Плејстешн, можеби си ме видел како судија. Исто како тебе и јас имам посебна карактеристика, немам коса, ниту едно влакно, а тоа се должи на алопецијата која ме погоди кога имав 24 години. Можеби имам повеќе среќа од тебе, бидејќи на 11 години е многу потешко да ти се појави. Како судија бев добар и ги постигнав целите кои ги поставив. Кога ќе ти кажат ќелав, како што ми се случило многу пати и на мене, не се вознемирувај. Кој ти го кажува тоа е завидлив, бидејќи ти пак можеш да правиш што сакаш, без разлика дали имаш или немаш коса. Не се нервирај и покажи индиферентност со која можеш да му укажеш на тоа колку е мизерен тој што ти се обраќа така. Твојот тренер направил убав гест, треба да бидеш горд. Покажи му дека си ја разбрал пораката и не се плаши да им ја покажеш на сите главата. Освен тоа, многу луѓе, па дури и шампиони се бричат на нула. Ти имаш “среќа“ што немаш потреба тоа да го правиш“, голем поздрав, Пјерлуици Колина.
Шефот на судиите на УЕФА побарал и контакт од клубот за лично да зборува со семејството на детето.