А не е. Римо-католик е, со италијанско потекло. Ама смета дека во однос на Сорос, тој е поголем Евреј. И уште рекол дека Сорос е едно одвратно човечко суштество. За тоа не знаеме.
Во едиторијал под наслов „Impeach“, уредничкиот борд на Њујорк тајмс побара импичмент на американскиот претседател, со тоа приклучувајќи се на неколкуте проминентни весници кои отворено повикуваат на негово отповикување од функцијата.
Меѓу главните проблеми на Украина е воспоставувањето на државна граница со Русија, граница која никогаш претходно во историјата не постоела во оваа форма.
Луѓето од Пентагон и Стејт департманот интензивно работеле што побрзо да ја вратат воената помош на Украина, но никако не можеле да договорат состанок со Трамп затоа што неговите соработници премногу биле зафатени во наоѓање начин како да го купат Гренланд.
Откако излезе сведоштвото дека сега отпуштениот советник на Трамп, Џон Болтон го нарекол Џулијани „рачна бомба“, овој вториот побрза да врати дека Болтон бил „атомска бомба“. Тие што гледаат од страна се надеваат дека Болтон ќе „пукне“ во претстојниот импичмент на Трамп.
Откако завршија протоколарните џумбуси, на раат да го скицираме политичкиот профил на актуелниот американски државен секретар кој деновиве ја посети Македонија и ни порача да се чуваме од руски ботови и сомнителни кинески инвестиции. Ние се чуваме од руски ботови со тоа што пишувањата ги темелиме на сериозни, главно западни медиуми а на крајот од истата статија ќе видите кој сега треба да се посипува со пепел што своевремено кукаше дека немаме доволно кинески инвестиции.
Двојка од Индијана е обвинета за запуштање и негрижа на дете, откако нивната 11 годишна посвоена ќеркичка ја оставиле самичка во апартман. Само што родителите тврдат дека нивното „дете“ е 22 годишна жена, и тоа психопат.
Зелимхан Кангошвили е Чечен кој пред 20 години ја преживува војната (на страната против Русите), преживува бараж од куршуми во Тбилиси во 2015, бега на уште еден атентат во Украина, и на крај завршува во Берлин каде живее од 2016 до пред некоја недела кога тргнува во џамија и по пат завршува мртов со два куршуми во глава.
„Државите од западен Балкан се преправаат дека спроведуваат реформи за да ги исполнат условите за напредување кон членство во Европската Унија, а ЕУ се преправа дека сака да ги прими“, болно прецизно дијагностицира аналитичар на Јутарњи лист. За соопштенијата на ЕУ (кои локалните жреци после ги толкуваат како да се каменот од Розета) вели дека Унијата е полна со махери чија задача е НЕ да го претстават како МОЖЕБИ а тоа МОЖЕБИ на луѓето да им звучи како ДА.
Токму со таков наслов, Форин полиси објавува текст за илузиите дека национализмот може да биде избришан туку-така, само ако, ете, малку се потрудиме. Авторот е професор по меѓународни односи на Харвард, па ваљда му е јасно дека тој феномен кој го обликува светов во последната половина милениум, не може да се победи само затоа што „напредни“ упорно ќе викаат дека е „назаден“.
Зеленски треба да ги одбие предлог мерките за штедење од ММФ и да престане со исплата на ратите на својот надворешен долг, порача Игор Коломојски украински милијардер и човек кој го сметаат за доста близок на новиот украински претседател.
Европската унија не е израз на мудрост стекната после крвавите војни на 20от век. Таа е израз на очај на европските империи кои се распаднаа во минатион век, пред налетот на новите империи: Америка, Кина, Русија.... Амазон, Гугл и Фејсбук.
Како никогаш (и веројатно никаде) до сега, двајцата украински претседателски кандидати што стигнаа до финалето, својот ТВ дуел ќе го одржат на Олимпискиот стадион во Киев. А на Олимписки нема со допингување.
ЕУ санкциите против поранешниот украински претседател Виктор Јанукович се уште се во сила, како и кривичната истрага против него, и се уште не си близу до каков било успех.
Не само што ќе треба да се бори со сериозните противкандидати, на поранешната премиерка на Украина, Јулија, во трката за претседател на земјата и нагрбачија и двојник на гласачкото ливче, човек по име Јуриј а презиме Тимошенко.
Човекот кој ги организира вечерите на Путин со лидери како Џорџ Буш помладиот, на своето резиме има и раководење со некои од најексклузивните ресторани во Русија, како и раководење со Агенцијата за истражување на интернет, исто така позната и како „фабрика за тролови“ која се вмеша во американските избори во 2016.
Добивајќи го Томосот на автокефалноста, или, просто кажано, тоа што Цариградската патријаршија и додели независност на Украинската православна црква е еден од најголемите настани на годината. Украинскиот претседател Петро Порошенко беше една од водечките сили зад ова.
Еден стар советски филм со децении е фикс во новогодишната тв програма на Украина (како "Сам дома" кај нас). Сeга филмот се соочува со забрана бидејќи една од актерките во последно време била 'со Русите'. Опозицијата стравува дека следен за забрана ќе биде Дедо Мраз.
Најмоќниот лидер на Европа е бегалец од време и место каде нејзината моќ би била незамислива. Германската демократска република, каде израсна Ангела Меркел, не беше ниту демократска ниту република; беше Орвелијански хорор, каде Железната завеса доби буквален призор во форма на Берлинскиот ѕид.
Веќе четири години во Сирија се одвива крвава војна. Она што започна како демократско востание против диктатурата на Башар ал-Асад се претвори во кошница на конфликти, делумно отсликувајќи ја и бруталната борба за регионална доминација меѓу Турција, Иран и Саудиска Арабија. А сега Русија, преку воена интервенција во име на Асад, се обидува да го засили својот статус како глобална сила во однос на Западот.
Докторката Татјана Анисимва Бјелорус (65) од Украина била мртва три дена. Починала на операциска маса во болница во Одеса. Нејзиното семејство дошло по телото по 72 часа, но го чекало шок...
Со вакво понашање во домот, компаниите и владите, за глобална рамноправност меѓу половите ќе се почека за век и кусур, покажува најновиот извештај на Светскиот економски форум кој го регистрира севкупно килавиот напредок во оваа област. Словенија е одлично 9-та, Македонија е на 69-тото место, после Украина, пред Албанија.