Се вика Евгениј Пригожин, инаку познат како „готвачот на Путин“.
Освен овие ставки, во ЦВ-то на Пригожин е наведено дека тој е прв човек на Вагнер, една од најголемите приватни војски во Русија, чии вработени се на терен во Сирија и Украина, и каде и да треба на друго место.
„Тој не е некој што често е во јавност во Русија. До пред некое време беше речиси непознат. Ова не е човек кој зборува на важни политички или бизнис состаноци. Ова не е човек кој редовно се појавува на телевизија,“ објаснуваат американските аналитичари.
Во досието на Пригожин стои дека тој своите 20-ти години (моментално има 57) ги минува во затвор под обвинение за грабеж, измама и проституција. Во 1990-те тој трга по нов пат и започнува бизнис со улични продавачи на хот-дог, што подоцна еволуира во бизнис со кетеринг во Санкт Петербург.
Со овој бизнис, откако ги организира вечерите на Путин со Буш, Ширак и слични, тој добива огромен договор за прехранување на руската војска, кој е и основа на неговото богатство.
Неговиот коментар во врска со обвинението дека ја финансирал фабриката за тролови, е една од ретките јавни изјави на Пригожин. Тогаш тој за РИА порачува: „Американците се многу поводливи луѓе. Тие го гледаат она што сакаат да го видат. Ако сакаат да гледаат ѓавол, тогаш нека гледаат.“
Во ноември за време на посетата на либиската воена делегација во Москва, се појави слика на која Пригожин, како единствен човек без униформа, седеше на масата со функционерите на руската војска.
Пред некое време Ројтерс пренесе информација базирана на два анонимни извори, според која моментално во Венецуела се стационирани стотици руски платеници.