Денес жените заработуваат колку што заработуваа мажите пред една деценија а севкупниот јаз изразен преку 4 клучни индикатори (здравје, образование, економски можности и и политика), во изминативе 10 години се намалил за само 4 проценти.
Со вакво темпо, ќе бидат потребни 118 години да се постигне вистинска рамноправност на глобално ниво.
Некои индикатори се и сериозно влошени од 2006-та до сега: во речиси четвртина од 145-те земји, стапката на неписменост денес е полошо распоредена на штета на женскиот пол.
Во 97 земји жени повеќе се запишуваат на универзитети, мнозинство квалификувана работна сила се во 68 а лидерството - законодавство, високи службеници и менаџмент - го држат во само 4 земји од светот.
Исланд глобално стои најдобро во родовата рамноправност, а во првата десеторка има само три земји кои не се европски: Руанда (?), Филипини и Нов Зеланд.
Македонија е 69-та. Подобри од неа, освен Словенија, се Бугарија, Србија и Хрватска која пак, бележи сериозен пад од последното истражување.
Единствениот видливо позитивен сигнал е процентуалното учество на жени во професиите за истражување и развој.
Регионален фенербахче е Турција.
Профилот на Македонија е на 248-мата страница на извештајот