Надлежните инстанци започнале истрага за тоа како е можно авион на Малезија Ерлајнс да вози во тотално погрешна насока откако полетал од аеродром во Нов Зеланд.
Новозеландските медиуми пишуваат дека MH132 од Окленд до Куала Лумпур запичил никаде откако контролорите добиле погрешен план за летање.
Грешката не била на пилотот туку на службите во компанијата кои го збркале планот. Цел час авионот летал во спротивна насока.
Ова е последнио инцидент од серијата резили кои му се случија на овој авиопревозник. Новниот MH370 во март лани едноставно исчезна од рутата Куала Лумпур - Пекинг со 230 патници на него а само четири месеци подоцна нивниот лет MH17 беше соборен над Украина.
На почетокот на оваа година Малезија Ерлајн го доведе германскиот менаџер Кристоф Мулер да ги оправи од баксузот и лошото работење.