Срамежливата ќерка на лутерански свештеник влезе во политиката како разведена протестантка во доминантно католичка партија, жена во машки клуб, Осси (жител на истокот) во ново обединетата Германија од 90-те во која луѓето од истокот се уште беа странци. Никој друг голем Западен лидер немаше израснато во изолација, што на Меркел и даде ретка перспектива кон привлечноста на слободата и ризикот на кој луѓето се подготвени за да стигнат до неа.
Нејзиниот политички стил беше да нема стил; без шарм, без харизма, само преживувачки остро чувство за моќ и научничка посветеност на податоците. И откако Меркел стана канцеларка на Германија во 2005-та, и ја управуваше четвртата најголема економија во светот, таа остана одлучно досадна. Германските аналитичари ја нарекува Меркевијалист секој пат кога ќе надмудреше, изолираше или надживееше некој што би можел да ја предизвика. Секогаш внимателна, таа гордо го практикува она што Вили Брант еднаш го нарече Die Politik der kleinen Schritte (политика на бебешки чекори), или како што ние во САД го нарекуваме лидерство од заднина.
И тогаш дојде 2015-та. Не еднаш или два пати, туку три пати годинава имаше причина човек да се запраша дали Европа може да продолжи да постои, не културно или географски, туку како историски експеримент на амбициозно државотворство. Меркел веќе се покажа како неопходен играч во менаџирање на должничката криза во Европа; таа исто така го предводеше одговорот на Западот кон упадот на Владимир Путин во Украина.
Меѓутоа, сега можноста за банкрот на Грција беше закана за самото постоење на евро зоната. Мигрантската и бегалската криза станаа предизвик за принципот на отворени граници. И на крај, масакрот во Париз го оживеа рефлексот за затворање врати, градење ѕидови и немање доверба во никого.
Секој пат Меркел стапуваше на сцена. Германија ќе ја извади Грција од долговите, ама по нејзини строги услови. Ќе ги пречека бегалците како жртви на ѕверствата на радикалниот ислам, ама не и извршителите на истиот. И ќе испрати трупи во странство за да се борат против ИСИС. Германија ги мина последните 70 години тестирајќи лекови за сопственото отровно националистички, воено, геноцидно минато.
Меркел престави сосема поразличен збир вредности - човештво, дарежливост и толерантност - за да демонстрира како големата сила на Германија може да се искористи за спасување, наместо за уништување. Ретко може да се види лидер кој е во процес на ослободување од стариот и прекривање со нов национален идентитет.
"Ако мора да почнеме да се извинуваме за тоа што сме покажале пријателско лице како одговор на итни ситуации, тогаш тоа не е мојата земја," изјави Меркел.
И овој пат жената која има образование како квантна хемичарка не спроведе тестови и лабораториски експерименти; таа застана зад својот став. Возвратниот удар дојде брзо и од сите страни. Доналд Трамп ја нарече Меркел "излудена" а бегалците ги нарече "еден од најголемите Тројански коњи." Германските демонстранти ја нарекоа предавничка, и курва; нејзините сојузници ја предупредија за можноста за народен бунт, а нејзините противници ја предупредија за економски колапс и културолошко самоубиство.
Конзервативниот Велт објави разузнавачки извештај кој предупредува на предизвикот од асимилирање на милиони мигранти: "Увезуваме исламски екстремизам, арапски анти-семитизам, национални и етнички конфликти на други луѓе како и поинакво разбирање на општеството и законот." Нејзиниот рејтинг падна за повеќе од 20 проценти, дури и кога ја обзнануваше својата верба во своите луѓе: "Wir schaffen das," беше пораката што повторно и повторно ја кажуваше. "Ние го можеме ова."