'Иронијата на судбината' е еден стар советски филм од 1976-та година кој е омилена тв лектира во новогодишните програми во повеќе екс советски држави, меѓу koи и Украина.
Сè до оваа година кога филмот се соочува со забрана, бидејќи една од актерките во тој филм се произнела за "погрешната страна" во актуелниот руско-украински спор. И изгледа џабе што режисерот на филмот (Елдар Ријазов, почина лани) беше гласен противник на руската интервенција, кога актеркaтa е на украинската листа на "личности кои претставуваат закана за националната безбедност".
A таа листа на украинското министерство за култура е долга и претставува само една од алатките со кои власта сака да го секне руското влијание врз животот во земјата. Се разбира, на листата се наоѓа и најновиот руски актер, Жерар Депардје.
"Сакаат да го забранат "Иронијата на судбината" во Украина. За ова ли беше Мајдан? Ова не е иронија туку сарказам на судбината," твитна шефот на рускиот комитет за надворешна политика Алексеи Пушков.
Про-рускиот опозициски блок најави дека ќе го однесе овој случај на суд и дека ваквите потези на власта мора да бидат спречени пред да им текне да го прогласат и Дедо Мраз за персона нон грата во Украина.