Таг: лустрација

Една од најзначајните мислителки на 20 век била бугарски шпион?

Името на Јулија Кристева им е познато на книжевните теоретичари, критичари, психоаналитичари и феминисти. Бугарско-француски филозоф, таа уште од 1960-тите живее и работи во Франција. Неодамна излезе вест дека била соработник на бугарските тајни служби.

Украинска ТВ лустрација

Еден стар советски филм со децении е фикс во новогодишната тв програма на Украина (како "Сам дома" кај нас). Сeга филмот се соочува со забрана бидејќи една од актерките во последно време била 'со Русите'. Опозицијата стравува дека следен за забрана ќе биде Дедо Мраз.

Мал текст за крадењето и кодошењето

Што ако од 1945 до 1992 и се кодошело исто како што се крадело? Кој ќе остане нелустриран? Ќе остане ли семејство во Македонија барем без еден „информатор" што поткажувал кој што рекол (за доброто на татковината)? Се надевам дека ќе остане, не едно туку многу... секој народ треба да си се соочи со своите слабости, општествени болести и пороци, без оглед на тоа колку соочувањето може да е непријатно...

Депатетизација на страдањето

Бившите републики кои пред нас поминаа низ процесот на лустрација и политичка рехабилитација на дисидентите имаат искуство со тн. „затворска литература". Жртвите на системот пишувале како знаеле и умееле, но нивните дела ретко го надминувале директниот повод заради кој биле напишани.