На 5-ти март 2014 Советот на ЕУ ги замрзнува сите сметки на Јанукович, неговите синови и уште 15 најблиски луѓе. Годинава ЕУ повторно ги продолжи санкциите и истрагата против сите овие.
Иако групата под санкции заради лична безбедност е пребегана во Русија, сомнежот е дека нивните пари се кријат некаде на Запад.
За сега на швајварски сметки лежат замрзнати околу 130 милиони евра, за кои се верува дека се на Јанукович. Проблемот е што за тие да и бидат вратени на Украина прво треба пред украинските судови да се покаже дека парите имаат нелегално потекло.
До сега ниту еден случај што беше поднесен пред украинските судови за нелегално збогатување не заврши со обвинение.
Истрагата што ја прави Дојче Веле покажува дека на украинските власти им требале две до три години само за да побараат информација од своите колеги од Западот околу парите и сметките.
Влечењето на случајот во Украина, и даде доволно време на некои од обвинетите да поднесат тужба против Европскиот суд на правдата за замрзнување на средствата. Како последица на ова листата на санкционирани од ЕУ во последниве пет години е намалена за една третина.
Освен ова, сумата запленети пари постојано се намалува бидејќи обвинетите имаат право овие средства да ги користат за плаќање на својата одбрана, а Јанукович и син му Олександар ангажираа тим британски адвокати кои наплаќаат 1.745 евра од час.