Новинарката на њујоршкиот магазин Интелиџенсер го имала интервјуто со 75 годишниот Руди Џулијани уште пред тоа да почне.
Возејќи се со автомобил кон хотелот во кој требало да го направат интервјуто, Оливија Нуци загатнала некои теми кои планирала да му ги постави на личниот адвокат на Доналд Трамп и некогашен градоначалник на Њујорк.
За неговите врски со двајцата бизнисмени обвинети за сомнителни врски со Русија, за тоа дали Џулијани има проблем со дроги и алкохол, како и за темата која деновиве изнедри доста наслови. Џулијани рекол дека Сорос ја контролира американската екс-амбасодорка во Украина, Маша Јованович и дека во ракав држи и други амбасадори и агенти на ФБИ.
Кога Нуци му рекла дека таквите обвинувања звучат малку лудо, Џулијани нагазил уште повеќе.
„Не ми кажувај дека сум анти-семит ако сум против него! Сорос едвај да е Евреј, јас сум поголем Евреј од него... Не оди во синагога, не го поддржува Израел, непријател е на Израел. Има избрано осум јавни обвинители на САД кои се антихристи. Генерално, Сорос е едно ужасно човечко суштество“, рекол Џулијани.
Кога видел што сè е објавено од неговите муабети, Џулијани ѝ се јавил на новинарката да ѝ се развика и да ѝ каже дека не била фер.