Вести › Набрзинка
Се бара затворање на Информер, Вучиќ најавува прекин на комуникациите
- Независното здружение на новинарите на Србија и неколку нивни НВО партнери, до надлежното регулаторно тело покренаа иницијатива да му се одземе дозволата на про-вуќичевскиот медиум Информер.
- Тоа го образложуваат со повеќегодишно системско кршење на програмските обврски кои регулаторот досега не ги санкционирал.
- Иницијативата доаѓа еден ден откако група луѓе, предвоени од Дијана Хрка, мајката на едно настрадано момче од настрешницата во Нови Сад, насилно упаднаа во Информер и вербално го малтретираа нивниот главен уредник, Драган Вучиќевиќ.
- Полицијата реагираше но со задршка, по што вработените во Информер беа безбедно извадени надвор.
-
„Ги молиме државните органи да работат многу поефикасно отколку вчера. Имате обврска да работите како државни органи, без оглед дали некого сакате или не. Она што се случи вчера беше ужасно. Дури кога пристигнаа припадниците на полициската бригада, беше спасен животот на Драган Вучиќевиќ“, изјави Александар Вучиќ.
-
Тој се закани дека неговата партија би можела самостојно да се организира доколку продолжат нападите врз нејзините поддржувачи.
-
„Ако ја згаснете телевизијата Информер, мислите дека имате право на тоа? Ние никогаш не ги допревме ниту Н1 ниту Нова С, иако навистина донесоа зло во оваа земја. Тоа е демократија и почитување на поинаквото мислење“, изјави Вучиќ.
-
Тој најави дека во таков случај нема да има политички дијалог со противниците во следните четири години.
Контролори од УЈП примале саати и очила за да не го казнуваат „Пулс“
- Кочанското обвинителство поднесе обвиненија за даночни контролори и инспектори од УЈП, меѓу кои и Драган Паунов, братот на претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска.
- Обвиненија има и за газдата на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов Деко, неговиот син Михајло како и вработена во Државниот пазарен инспекторат.
- Обвинетите се гонат за поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на УЈП во дискотеката “Пулс” во Кочани и во други поврзани фирми.
- Двајца даночни контролори се гонат дека побарале и добиле очила и рачен часовник за да го информираат Михајло Јованов за ненајавени вонредни контроли на УЈП.