- Беатрис Кел, поранешна „Мис Швајцарија“, изјавила пред Комитет на Претставничкиот дом на САД дека била била силувана од Доналд Трамп во хотел во Менхетн во 1993 година, кога имала 24 години.
- Ова се тврди во нов извештај на демократите од Комитетот за правосудство, кој ги испитува врските на Трамп со Џефри Епстин. Извештајот е објавен една недела пред изборите за Претставничкиот дом и Сенатот на САД.
- Кел уште во 2024 година го обвини Трамп дека сексуално ја нападнал. На новото сведочење го оценила нападот како „силување“, бидејќи „ѝ предизвикал крварење и модрици по телото“.
- Кел пред Комитетот изјавила дека се сретнала со Трамп во 1993 година на натпреварот „Американски сон“. Трамп ѝ ветил дека ќе ѝ среди виза за САД и ќе обезбеди нејзин прием на Универзитет во Њујорк преку неговиот пријател Паоло Замполи, кој до почетокот на овој месец беше дел од неговата администрација. На настанот разговарала и со Епстин, кој ѝ рекол дека организирал „многу забави со Дон“.
- „Подоцна истиот ден, тврди Кел, Трамп ја поканил во хотелски апартман, каде што ја нападнал и ја силувал. По инцидентот Трамп ја натерал да вети дека ќе молчи“, се наведува во извештајот.
- Белата куќа ги отфрла обвинувањата и истакна дека претседателот Трамп е ослободен од каква било поврзаност со Епстин. „Овa не е ништо друго освен очајнички обид на безумни демократи да го одвлечат вниманието на Американците од растечкиот замав на републиканците, поттикнат од историските достигнувања на претседателот Трамп“, изјави портпаролката Лорен Бис.
- Протекување на повеќе од 15 милиони внатрешни документи на „Дојче банк“ откри дека банката системски ги прекршувала прописите и во повеќе наврати овозможувала трансакции за олигарси под санкции, авторитарни режими и Џефри Епстин.
- Во 2019 година, германската банка проследила сомнителни трансфери од 582 милиони долари поврзани со Епстин, кој истата година почина во затвор.
- Во март 2017 година по грешка испратила до свој клиент детали за даночната пријава на американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат и на уште 1.585 други корисници на сметки. Клиентот ја пријавил грешката и го избришал документот Пропустот бил прикриен од Белата куќа.
- Досиејата исто така содржат детали за трансакции за кои има сомневања дека се перење пари за руски олигарси.
- Записите откриваат дека банката не пријавила предупредувачки знаци за перење пари во Кипар, Британија, Хонг Конг и Украина, која префрлила стотици милиони евра преку нејзините системи.
- Специјалниот суд во Хаг му изрече казна од уште 17 месеци затвор на Хашим Тачи поради попречување на службено лице, мешање во кривична постапка и непочитување на Судот за време на долгогодишниот судски процес што се водеше против него.
- Судот ги прифати наводите од Обвинителството, според кое судењето за воени злосторства се одвивало во атмосфера на постојано заплашување, поради што некои сведоци ги промениле своите искази.
- На лица што го посетувале во притвор во 2023 година Тачи им откривал идентитет на некои сведоци, доверливи информации за судењето и им давал упатства какви искази треба да даваат идни сведоци.
- За обвиненија за попречување на правдата, изречени им се казни од 12 месеци затвор на Башким Смакај и на Фадил Фазлиу.
- Хашим Тачи на 16 септември беше осуден на 25 години затвор поради воени злосторства на Косово во периодот од април 1998 до јуни 1999 година, кога беше командант на ОВК.