Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Се бара затворање на Информер, Вучиќ најавува прекин на комуникациите

27 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Независното здружение на новинарите на Србија и неколку нивни НВО партнери, до надлежното регулаторно тело покренаа иницијатива да му се одземе дозволата на про-вуќичевскиот медиум Информер.
  • Тоа го образложуваат со повеќегодишно системско кршење на програмските обврски кои регулаторот досега не ги санкционирал.
  • Иницијативата доаѓа еден ден откако група луѓе, предвоени од Дијана Хрка, мајката на едно настрадано момче од настрешницата во Нови Сад, насилно упаднаа во Информер и вербално го малтретираа нивниот главен уредник, Драган Вучиќевиќ.
  • Полицијата реагираше но со задршка, по што вработените во Информер беа безбедно извадени надвор.
  • „Ги молиме државните органи да работат многу поефикасно отколку вчера. Имате обврска да работите како државни органи, без оглед дали некого сакате или не. Она што се случи вчера беше ужасно. Дури кога пристигнаа припадниците на полициската бригада, беше спасен животот на Драган Вучиќевиќ“, изјави Александар Вучиќ.

  • Тој се закани дека неговата партија би можела самостојно да се организира доколку продолжат нападите врз нејзините поддржувачи.

  • „Ако ја згаснете телевизијата Информер, мислите дека имате право на тоа? Ние никогаш не ги допревме ниту Н1 ниту Нова С, иако навистина донесоа зло во оваа земја. Тоа е демократија и почитување на поинаквото мислење“, изјави Вучиќ.

  • Тој најави дека во таков случај нема да има политички дијалог со противниците во следните четири години.

      
извор

Цветковиќ: Во Израел, со кичмата во куфер

27 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Тринаесетмина пратеници од македонското Собрание неодамна се вратија од службена посета на своите колеги од израелскиот парламент или Кнесет. Сега истите изигруваат жртви, изненадени и навредени, од, би рекла дури и срамежливите, реакции на јавноста, небаре отишле таму на шопинг, а не во име на македонскиот народ да дадат кукавичка поддршка на земја што врши окупација и хуманитарни трагедии врз палестинскиот народ.
  • Навикната, просечните македонски политичари да не можат да видат ништо подалеку од Табановце и Деве Баир, а камоли да разбираат деликатни и комплицирани политички, геостратешки и империјалистички глобални односи, ќе се обидам накусо да им „нацртам“ каде биле и пред кого ја свиткале кичмата, оптоварувајќи нè и нам со нивниот срам, кој очигледно не го чувствуваат.
  • Амнести интернешнел, по обемната истрага на убиствата, тешките повреди, уништувањето на цивилната инфраструктура и намерното наметнување услови што го загрозуваат опстанокот на населението, заклучи дека Израел врши геноцид врз Палестинците во Газа.
  • До истиот заклучок дојде и Независната меѓународна истражна комисија формирана од Советот за човекови права на ОН.
  • Досега во Газа се пријавени повеќе од 71.800 убиени Палестинци, меѓу кои најмалку 21.289 деца и над 171.000 повредени, пишува Ирена Цветковиќ за Призма.
извор

Контролори од УЈП примале саати и очила за да не го казнуваат „Пулс“

27 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Кочанското обвинителство поднесе обвиненија за даночни контролори и инспектори од УЈП, меѓу кои и Драган Паунов, братот на претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска.
  • Обвиненија има и за газдата на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов Деко, неговиот син Михајло како и вработена во Државниот пазарен инспекторат.
  • Обвинетите се гонат за поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на УЈП во дискотеката “Пулс” во Кочани и во други поврзани фирми.
  • Двајца даночни контролори се гонат дека побарале и добиле очила и рачен часовник за да го информираат Михајло Јованов за ненајавени вонредни контроли на УЈП.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Доби црвен и се врати од тунелот за да го патосира Чурлинов

Фудбал
2

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина
3

Ана Брнабиќ, машки

Балканштина
4

Така испаѓа

Балканштина
5

Србија: Кој ќе биде намагарчен?

Мешано
6

Европа вложи сè во коли на струја - и загуби

Бизнис
7

Кога си гладен не си свој

Балканштина
8

Зеленски во 2023 одбил мировен план поволен за Украина

Свет
1

Европа вложи сè во коли на струја - и загуби

Бизнис
2

Зеленски во 2023 одбил мировен план поволен за Украина

Свет
3

Нетфликс се изгуби во сопственото сценарио

Занимливости
4

Фаќање сеир на оние кои избегаа од Трамп

Разно
5

Галантните кираџии на Велика Британија

Свет
6

Антропик се претстави како темпирана бомба за човештвото и инвеститорите

Технологија
7

Поранешна мис го обвинува Трамп дека ја силувал

8

Микрософт им понуди отпремнини на 60.000 вработени

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Балканштина

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина

Така испаѓа

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како Черчил ги издаде грчките партизани и Егејците

Цел Амазон да го изгориме, на кислородот нема да му фали ништо

Медиумските преторијанци на Џозеф Бајден

"Серем вам се у тон филм!"

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy