Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Микрософт им понуди отпремнини на 60.000 вработени

27 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Микрософт им понуди на околу 60.000 вработени со полно работно време доброволно да заминат од компанијата, за да ја избегнат чистката која веројатно ќе следува по неколку месеци.
  • Понудата се однесува за канцелариите во САД, Канада, Индија и Британија. Софтверскиот гигант на крајот од јуни имаше приближно 223.000 вработени со полно работно време.
  • Во мај годинава Микрософт им понуди отпремнини на околу 8.750 вработени, а во јули укина 4.800 работни места, односно околу 2,1% од својата вкупна работна сила на глобално ниво, вклучително и голем број вработени во секторот за видеоигри.
  • По трансформацијата кон вештачка интелигенција акциите на Микрософт овој месец достигнаа историски највисоко ниво. Инвестициите на компанијата во центри за податоци се очекува годинава да надминат 700 милијарди долари.
извор

И банки во САД погодени од технички дефект

17 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Илјадници Американци вчера останале без пристап до своите банкарски сметки откако технички проблем во „JPMorgan Chase“ предизвика верижна реакција низ целиот платежен систем.
  • Меѓу погодените банки биле „Банк оф Америка“, „Велс Фарго“ и „Капитал Уан“. Претставници на „JPMorgan Chase“ изјавија дека проблемот не е последица на кибернетски напад, туку е од „техничка природа“.
  • Ова беше трет работен ден во низа во кој откажаа системите во клучните сектори во САД.
  • Во четвртокот имаше голем глобален прекин со апликациите на Microsoft што ги користат јавните институции, компаниите и граѓаните. Microsoft објави дека причината за инцидентот бил стар дефект, кој го преоптоварил капацитетот на серверите.
  • Во петокот во период од неколку часа беа откажани илјадници авионски летови поради проблеми со националниот систем на контролата за летање. Системот паднал поради преоптоварување при операција за обновување на старата технологија.
извор

Форензичар тврди: Епстин бил убиен

17 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Џефри Епстин не се самоубил во затворската ќелија во Њујорк, туку веројатно бил убиен, тврди форензичкиот експерт Мајкл Фримен по едногодишна анализа на фотографии и документи од обдукцијата.
  • Фримен вели дека цела година темелно го проучувал досието од обдукцијата и се обидувал да ги објави своите наоди во научно списание, но сите го одбиле. Вчера ги претставил своите заклучоци пред правната организација Middle Temple во Лондон.
  • Трагата на вратот на Епстин не била мазна и рамномерна линија која се издига кон една точка, како во типичен случај на бесење. Била длабока, неправилна, и се разгранувала на едната страна, тврди форензичарот кој проучува пристрасност и грешки при истраги за смртни случаи. Укажува дека трагите на вратот, гребаници и крварење од мускулот на рамото на Епстин повеќе прилегаат на давење од зад грб.
  • Фриман изјави дека нема претстава кој би можел да го убие Епстин, ниту пак го интересира тоа. Се фокусирал исклучиво на пропустите во истрагата за смртта и во извештајот од обдукцијата. 
  • Канцеларијата на судскиот лекар во Њујорк, која ја изврши обдукцијата, оваа недела соопшти дека „останува при својот заклучок“ дека Епстин извршил самоубиство.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Марта Кос жали што била изведена „српска националистичка песна за Косово“

2

Заслужен одговор

Балканштина
3

Беља во најава

Македонштина
4

Имами во Шведска охрабруваат незаконска полигамија

Свет
5

Блесокот на Елмас против Словенија

Фудбал
6

Како државата нè ограбува без да ги зголеми даноците

Мислења
7

Цена на злото

Балканштина
8

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
1

Марта Кос жали што била изведена „српска националистичка песна за Косово“

2

Имами во Шведска охрабруваат незаконска полигамија

Свет
3

Како државата нè ограбува без да ги зголеми даноците

Мислења
4

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
5

Француски офицери се во тајна мисија во Украина

6

Кривична пријава и мерки за претпазливост за охриѓанецот кој ја претепа девојката

7

Се предал битолскиот насилник кој избега од станица

8

САД и Русија се против ограничувања за автономно оружје

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Најзагрозените

Лустрација на Вајат Ерп

ЈНА офицер и џентлмен

Во врска со Сирија, Обама успеа да ги пацифицира - Американците

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy