Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Медиа.
- Телото не е тука. Татјана оживеа - им рекле лекарите.
- Се шегувате. Како може мртовец да оживее по три дена - прашувале членовите на семејството.
Само сопругот на Татјана, Вечеслав, имал чувство дека неговата сопруга ќе оживее и дека ќе се врати... Така м кажал самиот Господ бог, тврди.
Познатиот неврохирург го шокира светот: иако не верував во ангели, бев во рајот!
Се разбудив во мртовечница
Татјана Анисамова Бјелорус е мајка на пет деца и живее во Одеса. Чудотворниот настан се случил во 1991 година, но сега првпат прозборе за „оној свет".
- Мајка ми лелекаше и викаше дека доживеала да ѝ умре детето и да ѝ полуди зетот. Зборуваа дека се мрднала. Кој ќе ги чува децата - прераскажува Татјана што се случувало далечната 1991 година.
- Поради рак на мозокот завршив на операција, но по три дена се разбудив во мртовечница, открива Татјана и преминува на најважното - за тоа како нејзиниот дух поминал низ рајот, чистилиштето и пеколот.
- Откако ги видов пеколот и рајот и откако стоев на подножјето на Божјиот престо, влетав во своето тело со големо страдање и болка. И тогаш видов соба, плочки на ѕидовите, жена во бело и вода истурена на подот. Жената имаше вперено прст во мене и беше целата во шок, не можеше ниту збор да изусти - опишува Татјана.
- Жената пребледе, а потоа почна да вика. Ја прашав зошто вика таа кога мене сѐ ме боли, а таа целата избезумена излета од мртовечницата. Ми беше ладно, па се покрив со чаршафот што беше врз мене.
Сведок на чистилиштето, рајот и пеколот...
Татјана го опишува патувањето низ пеколот и рајот. Сѐ започнало во операционата сала кога душата го напуштила телото. Стоела покрај масата и гледала како ја оживуваат. На колегата хирург му викала дека не сака да се врати во телото. Откако не реагирал на нејзините повици, пошла по болничкиот ходник. На крајот на ходникот го видела сопругот како на колена се моли таа да оздрави. Се обидувала да му каже дека е добро и да не се грижи, но и тој не можел да ја чуе како и хирургот, како во филмот „Дух".
- Во еден момент се најдов во тунел кој беше студен, темен и влажен и се чувствував како да одам по мочуриште, но на крајот видов светлина и точно знаев кај одам. Светлината беше прекрасна и силна. Во неа се наѕираа контури на човек во бел лелеав фустан. Помислив дека е Исус. Кога дојдов пред него, паднав на колена, а тој ми рече: „Стани, јас не сум Христос. Пред мене не смееш да коленичиш, јас сум ангел, мене ме испрати Бог" - опишува Татјана и додава дека и денеска не знае зошто Бог ја избрал токму неа.
Не знам зошто Бог ме избра мене
Таа не знае зошто Господ ја избрал токму неа. Зошто ја усмртил, а потоа ѝ го покажал патот до рајот и пеколот и ѝ дал задача да сведочи во негово име и да им ја пренесува на сите неговата добрина.
- Лажев, не бев покорна, ги казнував и ги тепав децата. Ги учев да се плашат од Бога, но не и да го љубат. Не бев активна во црквата, знаев да бидам препредена. Што сѐ правев, не е само едно. И кога го сретнав, ми ја отвори Книгата на мојот живот и видов сѐ пто сум поравела, што зум зборувала, што сум мислела.
Божјиот престол осветлувал сѐ околу себе. Сакала да го погледне во лице, но не успеала. Ангелот кој ја водел по целиот пат, ја ставил својата рака на нејзината глава и ја наведнал надолу. Паднала на колена.
- Ми рече дека никој жив не го видел лицето Господово. Дека оној кој го видел Христос, го видел и Отецот и обратно - продолжува Татјана. Тогаш, вели, ѝ се обратил Бог и ја прашал што сторила таа за него. Татјана одговорила дека постојано се молела.
- Потоа два ангели отворија еден свиок и се видов себе си како ја читам Библијата, но селективно, само она што ми се допаѓа и дека всушност не размислувам што пишува таму. Читав стихови, а размислував дека морам да одам на работа, дека треба да ги однесам децата во градинка, што да зготвам дента. Се молев и секогаш барав нешто, но никогаш не се заблагодарував. Ми рече дека ќе сум го чуела неговиот глас ако сум го истражувала Светото писмо - објаснува Татјана.
Липав пред Бога
- О, Господе, прости ми, му реков како мало дете и почнав да липам, а тој ми одговори дека гревовите ми се простени поради смртта на неговиот син на Голгота. И тогаш пред себе ја видов Голгота и се ужаснав. Во групата која викаше „Распнете го!" бев и јас. Бог тогаш ми рече дека моите гревови биле таму. Тогаш му реков дека нема да грешам повеќе - раскажува Татјана.
Душите на небото не го гледаат пеколот, тој е затворен за нив. Ја гледаат земјата и своите блиски за кои молат на подножјето на Божјиот престол. Бог ѝ покажал како се отвора небото. Ја видела земјата и јасно го видела секој човек на неа. Покрај секој човек имало ангел и демон кои ги запишуваат секој збор и секоја мисла. Видела, вели, многу грди лица и го прашала Бог од каде толку грди лица.
- Пред малку ги виде само лицата, а сега ги гледаш и нивните срца. Врати се и кажи им дека на овој свет му се ближи крајот. Јас стојам на вратата и ги чекам да се покајат. Еве, ти го покажав она што повеќето луѓе не го гледаат, така ми рече, а потоа ангелот ме поведе во обиколка на рајот.
Си го видела мртвиот син
Одела по влажната мека трева која ѝ ги милувала стапалата. Сѐ било преполно со цвеќе и мирисни овошја. Вода течела од тронот Господов и од сѐ што видела останала без здив. Тогаш ангелот пред неа довел едно младо момче, кое не го препознала на прв поглед. Тоа било нејзиното дете, син кој умрел кога имал само 10 месеци.
- Ми рече мамо. Тогаш сфатив дека тоа е моето дете. Само сакав да го гушнам, но ангелот не ми дозволи, зашто бев предодредена да се вратам на земјата. Син ми ми рече дека не би бил овде да не ме напуштел тогаш. Му заблагодарив на Бога - вели Татјана. Набрзо потоа го видела татка си, кој не бил старец, туку млад маж на 30 години. Ја прашал што бара таму, зашто нејзиното време уште не дошло.
- Татко ми завршил во рајот, зашто во последните 15 минути пред смртта се покаја во присуство на свештеник - објаснува таа.
По средбата со татка ѝ ѝ се приближиле завеси од магла. Поминале низ нив и веднаш почувствувала одвратен мирис, смрдеа и врелина. Едвај дишела. Смрдеата била ужасна, како од изгорено месо, расипани јајца и пот, а цело време се слушала музика - хевиметал и хард рок.
Го чекаат Божјиот суд
- Таму нема вода, таму владее таква суша што помислив дека ми пука кожата. Почувствував свежина дури кога го земав ангелот со двете раце и го молев никако да не ме испушти. Тоа место е првиот круг од пеколот, попознат како чистилиште - истакнува докторката.
- Тие луѓе во затворен простор полн со гас трчаат од едната страна на другата. Го гледаат рајот, но не можат да влезат во него. Молат за помош. Оние премалените се обидуваат да седнат, но не успеваат, зашто демоните ги прогонуваат. Го креваат погледот кон небото, но не смеат да го изговорат името Господово. Тоа се оние кои чекаат судење. На судот можеби ќе се оправдаат, а можеби и не. Ја пропуштиле својата шанса за спасение на земјата.
Во облакот од гасови во вид на аквариум се наоѓаат душите на абортираните деца кои морничаво врескаат, но не чувствуваат болка. Тие викаат „Не убивај ме, сакам да живеам, ќе те сакам, мамо". Тие заминуваат во рајот само ако нивните родители на земјата се покајат, а ако не, ги чекаат таму како сведоци. Кога пошле подлабоко на патот видела демони кои сечат души на ситни парчиња. А секое најмало парче вреска со сета сила. Потоа тие се спојуваат и така во круг. Тоа се душите на оние кои додека биле живи разделувале, внесувале раздор меѓу луѓето.
Во еден од круговите на пеколот, во кој постојано се слушало лелекање, крици и пискотници, видела познати очи. Тоа била нејзината баба од страната на татко ѝ, која иако редовно одела во црква, сакала да озборува и да ги колне луѓето.
- Имаше вжештена штипка која ѝ го влечеше јазикот. Оган ѝ ја гореше устата. Се претвораше во пепел и повторно во круг - била затечена Татјана, која ниту денес не може да ги задржи емоциите кога ќе се сети на тоа. Најмногу ја погодиле судбините на рамнодушните луѓе. Оние кои додека биле живи не правеле лошо, но ни добро. Не ни помислувала дека токму тие ќе завршат во пеколот. Видела и демони кои на врховниот ѓавол кој седи маскиран на тронот му носат човечки души. Гледајќи така, ја видела и душата на политичар од нејзината земја. „Па од каде тој тука, тој е жив".
- Ми одговори дека тој човек склучил пакт со сатаната и дека му ја продал својата душа. Нејзе ќе ја заземат демони кои на земјата ќе живеат преку тој човек. Откако видела сѐ што видела, она што Бог сакал да ѝ го покаже, ангелот ја ставил во нејзиното тело и таа оживела.