Илегалното преминување на Ла Манш за жените значи силување

Според министерката за внатрешни работи на Велика Британија, речиси сите жени кои се обидуваат да стигнат до земјата во мали чамци од северна Франција биваат силувани на нивното патување. Во интервју за еден подкаст, Шабана Махмуд рече дека сексуалните злоставувачи ќе експлоатираат сè повеќе бегалки сè додека трговците со луѓе одлучуваат кој ќе дојде во Велика Британија. 

„Ние не ја контролираме оваа граница. Ситото за луѓето кои доаѓаат од северот од Франција и се спремаат да се качат на чамец го вршат криминални банди кои се и трговци со луѓе,“ рече министерката.

Таа вели дека речиси е сигурно дека секоја жена што дошла од северот на Франција, претходно или попат била силувана. И добар дел од мажите кои се нашле на таков пат на различни начини биле злоутребувани или малтгретирани.

„Тоа не е моделот по кој треба да се одлучи кој ќе дојде во Велика Британија, ќе најде тука зассолниште и на крајот ќе стане еден од нас,“ рекла Махмуди.

Деновиве таму дојде уште еден „мега-чамец“ со илегалци кој ги натера властите да организираат колона автобуси, полициски комбиња и амбулантни возила за да им помогнат на мигрантите непречено да поминат до центрите за прелиминарни приеми во Кент.

Тоа е трет таков голем десант илегалци за еден месец. Мерките што ги преземаат лабуристите и француските власти се сведуваат на тоа да ги поместуваат рутите подалеку кон запад, ширејќи ја кризата на сè повеќе заедници низ францускиот и англискиот брег, пишавме во статијата Зошто да ги сопреш чамците кога можеш да ги сопреш протестите.

7 октомври 2026 - 14:26