Јуриј моментално е пратеник во украинскиот парламент, а на директното прашање околу забуната што неговото име може да ја предизвика кај гласачите, тој одговара дека уште пред 2 години на својот Фејсбук профил објавил дека ќе се кандидира за претседател, што е многу пред Јулија.
Тој нагласува уште една клучна разлика меѓу него и Јулија - дека тој ќе биде победник на изборите.
Освен Тимошенко Јулија и Тимошенко Јуриј, во првиот круг се кандидирани уште 42 кандидати. Станува збор за посебно замашна цифра ако се има предвид дека еден од предусловите за кандидирање на изборите е да уплатиш 92.000 долари (освен тоа треба да имаш над 35 години, украинско државјанство и таму да си живеел последните 10 години).
Олеснителна околност е што ако си еден од двајцата финалисти на изборите, државата ти ги враќа парите што си ги уплатил.
Околу парите Јуриј објаснува дека ги позајмил, ама ризикот се исплати бидејќи „ова ќе го промени животот на секој Украинец“.
За да биде работата уште покомпликувана, Јуриј и Јулија имаат и слично средно име, па на гласачкото ливче ќе има избор меѓу:
- Јуриј Владимирович Тимошенко
и
- Јулија Владимиривна Тимошенко.